Само во Скопје има речиси 2.000 активни случаи на Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Во Скопје има речиси 2.000 активни случаи на Ковид-19, а следува Тетово со нешто повеќе од 400 активни случаи на заразата, според статистиката на Институтот за јавно здравје која се однесува за случаите до вчерашниот ден.

Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 3280, активни 1983
•       Куманово 784, активни 232
•       Дебар 103, активни 51
•       Штип 365, активни 160
•       Прилеп 274, активни 48
•       Тетово 743, активни 406
•       Струга 245, активни 147
•       Велес 189, активни 40
•       Битола 57, активни 21
•       Охрид 190, активни 161
•       Кавадарци 21, активни 15
•       Гостивар 143, активни 84
•       Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 16, активни 9
•       Крива Паланка 15, активни 9
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 7, активни 4
•       Кочани 73, активни 20
•       Пробиштип 24, активни 15
•       Демир Хисар 2, активни 1
•       Македонски Брод 6, активни 4
•       Пехчево 6, активни 3
•       Берово 3, активни 1
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 3, активни 0
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 4, активни 1
•       Свети Николе 34, активни 30
•       Кичево 40, активни 34
•       Ресен 116, активни 91
•       Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.454 теста во последните 24 часа се преку: ИЈЗ –768, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –98, Биотек –90, МАНУ -180, Жан Митрев (Филип Втори) -143, Судска медицина-11,  Систина  со PCR метода -108, ЦЈЗ Битола-56, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се три пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и пет деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 130 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 424
•       Аеродром – 154
•       Бутел – 163
•       Гази Баба – 193
•       Центар – 143
•       Карпош – 167
•       Сарај – 148
•       Кисела Вода – 121
•       Ѓорче Петров – 113
•       Студеничани – 113
•       Шуто Оризари – 90
•       Арачиново – 54
•       Илинден – 32
•       Петровец – 16
•       Чучер Сандево – 19
•       Сопиште – 14
•       Зелениково-6
•       Странец – 2
•       Нераспределен- 11.