Улиците во Скопје се асфалтираат во трета смена


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, спроведува летна градежна офанзива во градот. За да не се блокира сообраќајот, голем дел од работите низ сообраќајниците се одвиваат ноќе. Градежните работи на булевар „Кочо Рацин“, пред Црвен крст ќе се одвиваат без престан 36 часа, со цел денес наутро крстосницата целосно да е проодна и сообраќајот да се […]

Заврши анкетата за прибирање предлози за нови имиња на топоними во Скопје


Заврши анкетата во која скопјани можеа да предлагаат нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти). Анкетата ја објави Град Скопје на 29 јули годинава, а беше отворена до вчера, 18 август. Граѓаните имаа можност да предлагаат само имиња на топоними, но не и локации кои би биле именувани со […]

Локализиран пожарот од страна на Пинтија


Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума. Територијалната противпожарна […]

Пожарот кај Пинтија е се уште активен


Пожарот во Пинтија се уште е активен. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје доби помош и од воздух, активирани се и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. – Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште, изјави за МИА заменик-командантот на Територијалната […]

Ставен под контрола пожарот кај Пинтија, пријавен нов во Сопиште


Ставен е под контрола пожарот над скопската населба Пинтија, кој избувна денеска. Во пожарот беше зафатена мешана шума на поголема површина. Како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, локализиран е и пожарот кај скопското село Мојанце, над Арачиново, а нов пожар е пријавен кај Сопиште. – Во моментов две екипи […]

Скопските автобуси возат по алтернативни траси поради тековни градежни активности


Поради одвивање градежни активности на крстосницата од булеварот „11 Октомври“ со булеварот „Кочо Рацин“ возилата од јавниот градски превоз денеска се пренасочени по алтернативни траси на движење. Како што е објавено на веб-страницата на ЈСП „Скопје“, автобуските линии со број 3, 5, 7, 15, 21, 22, 23, 25, 27 се пренасочени од булеварот „Кузман Јосифовски […]

Последен ден за предлози на нови имиња за улиците, мостовите, плоштадите во Скопје


Скопјани уште денеска можат да предлагаат нови имиња на улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти во главниот град. Граѓаните ќе имаат можност да предлагаат само имиња на топоними, но не и локации кои би биле именувани со овие имиња. Анкетата за доставување за прибирање предлози за нови имиња на топоними (улици, булевари, […]

Градежна инвазија по скопските булевари


  Град Скопје цело лето врши реконструкција на главните сообраќајници, на кои се заменува дотраениот асфалт со нов, се поправаат тротоарите и велосипедските патеки. Се користи времето кога граѓаните се по одмори, па е намален метежот по скопските булевари, а за да се избегнат високите температури преку ден, главните активности како гребење на асфалтот и […]

Автобуските линии 19 и 20 викендов со изменета траса


Поради изведување градежни работи, улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари вечер, од 22 часот до 5 часот изутрина во недела, ќе биде затворена за сообраќај. Во тој период автобуските линии 19 и 20 ќе функцинираат по изменет режим од вообичаениот. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусите на линија 20 ќе возат до поранешна циглана (ИГМ), […]

Привремен сообраќаен режим утре на булеварот „Босна и Херцеговина“


На булеварот „Босна и Херцеговина“ утре ќе се изведуваат прекопи за поставување подземни инсталации и поради тоа ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. – Поради изведување прекоп кај сервисната улица за влез во објектите на „Едел пром“ и на „Шкода“ во периодот од 5 до 9 часот, сообраќајот на булеварот „Босна и Херцеговина“ ќе се […]

Викендов изменет режим на автобуските линиите 19 и 20


Улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари, утревечер од 22 часот до 5 часот изутрина во недела ќе биде затворена за сообраќај поради изведување градежни работи, па во тој период автобуските линии 19 и 20 ќе функцинираат по изменет режим од вообичаениот. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусите на линија 20 ќе возат до поранешна циглана […]

Извадени и оштетени дел од ознаките на спомениците


Новата ознака што беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на скопскиот плоштад „Карпошово востание“ ноќеска е извадена и украдена, а на споменикот на Олимпија е оштетена. Оштетена е, но и натаму стои залепена, ознаката на споменикот на Александар Македонски на централниот плоштад во Скопје На ознаките, согласно Преспанскиот договор, на македонски, албански и […]

Почна реконструкцијата и проширувањето на патот Хиподром – Илинден


Со поддршка на Владата, преку Центарот за развој на скопскиот плански регион, денеска почна реконструкција и проширување на патот Хиподром – Илинден. Проектот чини шест милиони денари, а средствата се обезбедени од Владата и општините Гази Баба и Илинден. Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски информира дека патот Хиподром – Илинден беше целосно оштетен, […]

Се чистат улиците од отпад во Општина Чаир


Општина Чаир информира дека нивните служби за одржување на јавната чистота се на терен и ги чистат улиците од фрлениот отпад. Општинските служби за одржување на јавната чистота денеска работеа на улиците „Никола Малешевски“, „Август Цезарец“, „Ѓорѓи Поп Христов“ и „Методија Митевски“ во населбата Топанско Поле, на улиците „Максут Садик“, „Славеј Планина“ и „376“ во населбата […]

Се поставуваат ознаки на спомениците и се менува Сонцето од Вергина, согласно Договорот од Преспа


Започна поставувањето ознаки на спомениците, а се отстранува и Сонцето од Вергина од симболите на јавните институции и на јавните простори, но и од јавните објекти и површини, согласно Договорот од Преспа. „Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде […]

Ветерот во Скопје туркаше дрвја и оштети неколку лимени покриви


Силниот северен ветер кој дуваше во средата попладне во Скопје предизвика паѓање на дрвја на неколку места – во Автокоманда дрво падна до детска градинка, а и во општината Центар, како и во други делови од градот, имаше слични проблеми од невремето. Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, ги повика жителите да пријават паднати дрвја. […]

Жителите на Гази Баба да пријават штети од синоќешното невреме


По синоќешното невреме што зафати делови од Општината Гази Баба, има многу паднати дрвја и гранки, кои нанеле штети најмногу на паркирани возила. Поради тоа, од општинското комунално претпријатие повикуваат граѓаните да ги пријават штетите. „Екипите на ЈКП “Гази Баба 2007” по вчерашното невреме проследено со силен ветар и дожд вршеа интервенции до доцна во […]

Градежните работи на булеварот „Кочо Рацин“ се изведуваат ноќе


Град Скопје соопшти дека со засилено темпо се извршуваат градежните работи од проектот за реконструкцијата на булеварот „Кочо Рацин“, на потегот од булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ до улицата „Свети Кирил и Методиј“ во должина од 880 метри. Екипите, како што се наведува, синоќа го отстрануваа стариот и оштетен коловоз на потегот од крстосницата со […]

Фламингата во ЗОО Скопје пристигнуваат во октомври, на пролет пингвините


Во скопска зоолошка започна изградбата на живеалиштето за фламинга и пингвини. – Ова живеалиште ќе се гради етапно, а според рокот на изградба се очекува фламингата да пристигнат во октомври, додека пак пингвините на пролет. Финансиите за живеалиштето ги обезбеди Град Скопје – соопштија од Зоолошката градина. Зоо Скопје конечно за првпат станува дом на […]

Шилегов: Подготвуваме закон за Матка


Законот за Матка е во процес на изработка во соработка со Општина Сарај, со УНДП и со Министерството за животна средина, одговори градоначалникот на Скопје Петре Шилегов прашан до каде е процесот за законот, кој присуствуваше на почетокот на реконструкцијате на булеварот „Крсте Мисирков“. – Јас инсистирам да спроведеме законско решение кое што нема да […]