Најден човекот што истури шут кај ПМФ – му следува казна


 

Екипи на Инспекторат на Град Скопје навремено спречија непрописно одлагање на кабаст отпад и создавање дива депонија во близина на комплексот на Природно математички факултет во Гази Баба.

Сторителот е најден преку сигурносни камери на комплексот и ќе биде соодветно казнет, соопштија од Град Скопје.

Имено, вчера преку социјалните мрежи се проширија фотографии и информација дека во близина на пририфно-математичкиот факултет истурен е градежен шут на несоодветно место.

Инспекторатот постапи по оваа информација и набрзо е пронајден сторителот, кој ќе биде соодветно казнет.