Во Скопје 1507 активни случаи, најмногу во Чаир 336


Фото: Б. Грданоски

Од регистрираните нови 182 случаи со Ковид-19 во државава, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, 107 се од Скопје, со што вкупниот број заболени во градот достигна 2.243, а активни се 1.507 случаи.

Најголем број активни случаи и натаму има во општината Чаир – 336 што е за 30 повеќе од вчера, потоа следат Гази Баба – 128 (+14), Аеродром – 125 (+6), Центар – 121 (+7), Бутел – 118 (+12), Сарај – 105 (+10), Карпош – 103 (+3)…

Активни случаи има и во Кисела Вода – 80 (+9), Ѓорче Петров – 62 (+5), Студеничани – 71 (+9), Шуто Оризари – 51 (+5),   Арачиново – 38 (+5), Илинден – 24 (+4), Петровец – 12, Чучер Сандево – 8 (+1), Сопиште – 12 (+1), Зелениково – 1, тројца се странци, а четворица се нераспределени.