Саша Богдановиќ негативен на корона вирус


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ е негативен на корона вирус. Тој се тестираше откако вработена во општината беше потврдена позитивна, а тој и уште неколкуминао допштината имале контакти со неа.

„Сакам да ве информирам дека ги добив резултатите од тестот за Ковид-19 и дека тие се негативни.
По позитивниот тест на секретарот на Општина Центар, во интерес на општината и вработените, одлучив да се самоизолирам и јас да направам тест за Ковид-19.Во изолација останувам до втор негативен тест.
Општината, јас како нејзин градоначалник и вработените од самиот почеток на Ковид-19 пандемијата децидно и без исклучоци ги почитувавме мерките препорачани од надлежните институции, како што се одржувањето задолжителна дистанца, носењето на заштитни маски и одржувањето на личната хигиена.
На секретарот му посакувам брзо и лесно заздравување. Апелирам до сите да се придржуваат до препораките на Владата и Министерството за здравство затоа што Корона вирусот не бира кого ќе зарази и никој од нас не е имун на него.
Да бидеме одговорни, да ги почитуваме доследно препораките!“, порача Богдановиќ.