Нов современ парк со детско игралиште во Аеродром


Почнаа градежните активности на паркот „Бојмија“.

Жителите од овој дел на Аеродром ќе добијат нов современ парк со детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-справи на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пиење вода и фонтана.