Три дена ќе се собира кабаст отпад во општина Аеродром


Почнувајќи од утре, петок, 10 јули, па во наредните три дена, на територијата на Општина Аеродром ќе бидат поставени контејнери за собирање кабаст отпад на три локации:

– на бул. „Февруарски поход“во близина на супермаркетот „Рамстор“
– во Ново Лисиче на бул. АСНОМ меѓу бр. 42 и 44
– кај стара Стела во Аеродром.

Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема во поставените контејнери.

Во наредниот период ќе бидат поставени контејнери и на други локации низ Аеродром, така што оваа акција ќе се одвива подолг период.

Фрлањето кабаст отпад на јавна површина надвор од најавените акции за собирање е казниво со закон.