Во Скопје посебен режим на сообраќај


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ – од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата […]

Приватните превозници утре ќе го блокираат Скопје


Приватните превозници и утре со 200 автобуси ќе ги блокираат клучните крстосници и булевари во центарот на Скопје, најави Кемал Муриќ претставникот на приватниот превозник „Слобода превоз“ во изјава за ТВ 24.  Состојбата со ЈСП и приватните превозници ја коментираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вели дека  премиерот Ковачевски и Арсовска имале тајни […]

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај 


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ – од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата […]

Oтворен нов пункт на ЕСМ Снабдување со топлина


На локацијата во ГТЦ е отворен нов пункт за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина. Пунктот се наоѓа во објектот на дирекцијата на АД ЕСМ, на улицата „11 Октомври“ 9, изјави помошник на директорот за производство од АД ЕСМ, Александра Маројевиќ. Таа посочи дека новиот пункт за потрошувачи е направен согласно стандардите, а потрошувачите можат […]

Има долг кон превозниците, но да видиме колкав е, вели директорот на ЈСП


  В.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Александар Стојковски во интервју за МИА вели дека долгот кон приватните превозници го наследил кога стапил на функцијата пред шест месеци. Тој смета дека треба да се подмири, но најпрво да се утврди колкав е реалниот долг откако ќе заврши увидот направен од Финансиската полиција и Управата за […]

Општина Кисела Вода: Шеснаесет дена активизам за 365 дена без насилство


 Потребна е свест, волја и силни заложби за наметнување на здрави концепти на живеење, на здраво семејство, здрава работна средина, здраво општество каде ќе нема место за дискриминација, за булинг, за насилство во било каква форма, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓеорѓиевски на денешниот настан што се одржа во рамки на кампањата „16 […]

Се одржа првиот „Ласер Ран“ во Македонија


Основното училиште „Лазо Ангеловски” заедно со Општина Аеродром беа домаќини на првиот „Ласер Ран“ настан во Македонија, кој ќе се одржа денеска во Спортскиот центар „Марко Божиновски“. На настанот учествуваа 150 ученици од училиштето, на возраст од 9 до 14 години, кои се натпреваруваа во трчање и ласерско пукање. Ова е прв настан во нашата […]

„Зелен хуман град“ бара да се стопира проширување на улицата „Васко Карангелски“ во Аеродром


Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“  попладнево одржа протест во знак на револт од  најавеното проширување на улицата „Васко Карангелески“ во Општина Аеродром. Оттаму нагласија дека не е прифатливо проширување на улицата на четири ленти до основно училиште каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени. – Бараме од Град Скопје итно да […]

Утре се отвора лизгалиштето во „Борис Трајковски“


Од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ го најавија отворањето на Лизгалиштето. -На ден 03.12, оваа сабота, со почеток од 10 часот дојдете да се дружиме и заедно да го означиме стартот на новата лизгачка сезона, соопштија од Спортскиот центар.

Како изгледа делумната блокада на „Илинденска“ од приватните автобуси (Галерија)


  Утрово, приватните превозници на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ паркираа 200 автобуси на улицата пред Градското собрание, со што направија делумна блокада на булеварот „Илинден“. Сообраќајот на целиот булевар не беше стопиран, туку само крајните ленти, каде уредно беа паркирани автобусите на приватните превозници. По средните ленти, сообраќајот се одвиваше нормално. Пред зградата на Владата […]

Лажни дојави за бомби и денеска во три основни училишта во Скопје


Лажни дојави за бомби упатени се изутрината на електронска пошта на три скопски основни училишта. Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата во скопско кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни […]

Приватните превозници на протест на „Илинденска“, Град Скопје апелира да се откажат од блокадите


Со блокадата на десната страна од булеварот „Илинден“ со автобуси, приватните превозници на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ и денеска го изразуваат својот протест и незадоволство поради неисплатениот долг од страна на ЈСП „Скопје“. Доколку оваа блокада нема исход, директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на вчерашната прес-конференција најави дека в понеделник почнувајќи од 6 часот […]

Без струја делови од Батинци, Волково, Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода, а Љубанци без вода


Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, без струја денеска ќе бидат делови од селата Батинци и Волково, Општина Илинден и од населбите Ѓорче Петров и Кисела Вода, а поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, без вода ќе бидат корисниците од село Љубанци. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје


Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“, поради најавен протест од приватните автобуски превозници закажан за од 6 часот. Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим ќе има од крстосницата на „Илинден“ со булеварот „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со булварот „8 […]

Скопјани ќе имаат парно во декември


Набавен е гас од „Макпетрол“ за цел декември за потребите на топланите во Скопје, а за декември е потпишан и договор за користење на топлинската енергија од ТЕ-ТО за затоплување на системот, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Вчера се водеа разговори со менаџерскиот тим на „Скопје Север“ и сметам дека по потпишувањето на договорот […]

Дојавата за бомба во скопското ОУ ,,Кочо Рацин” е лажна


По однос денешната информација за поставена бомба во ООУ „Кочо Рацин“ на Водно, Општина Центар ја информира јавноста дека станува збор за лажна дојава. Оттаму информираат дека откако на мејл адреса на основното училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа, веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи, по што полициски службеници веднаш го […]

Славески не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град, истакна Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција критикувајќи го однесувањето на претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, нагласи дека „таков човек не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град“. Ковачевски наведе дека му сугерирал на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, да им се помогне на општините. – На министерот за локална […]

На парцелите „Маркеза“, „Ексико“, „Кара“ и „Манд-Интернационал“ на Водно не смее да се гради


  Откако Уставниoт суд на денешната седница одлучи да донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на одобрение за градење врз основа на ДУП Градска четврт Ј07 донесен од советот на Општина Центар во 2014 година, треба да сопре изградбата на парцелите познати во јавноста […]

Нови дојави за бомби во неколку скопски средни училишта


На меил адреси на осум средни училишта во Скопје денеска повторно била упатена закана за поставена експлозивна направа, информираа од МВР. Станува збор за училиштата „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“ и „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени […]

Град Скопје го раскина договорот и со „Слобода превоз“


Договорот со здружението на приватни превозници „Слобода Превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските кои произлегуваат од договорот.  Во случајов, се работи за обврската за континуирано и непрекинато давање на јавната услуга за превоз на патници. За жал „Слобода Превоз“ повеќе од два дена во континуитет не ја извршуваше оваа договорна обврска со што […]