Градежна офанзива во Бутел: Ќе се асфалтираат 35 улици


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски најави голема градежна офанзифа во делот на уличната инфраструктура во општината. Одреден број на улици за прв пат ќе добијат асфалт, додека одреден број оштетени улици ќе бидат целосно реконструирани.

– Убеден сум дека веќе докажвме наша врвна цел е интересот на граѓаните, затоа во оваа градежна офанзива ќе бидат опфатени улици во сите населени места. Со оваа динамика на работа во делот на уличната инфраструктура Општина Бутел до крајот на мојот мандат нема да има неасфалтирана улица, додека најголем број од оштетените улици ќе добијат нов асфалт, напиша Костовски.

Асфалтирањето ќе се одвива во две фази, првата ќе започне за многу скоро, втората веднаш кога ќе биде готова проектната документација која е во тек.