Вчера петмина биле каснати од кучиња


Фото: Б. Грданоски

Петмина биле каснати од кучиња во повеќе градови низ Македонија во понеделникот. 

Во СВР Битола, А.Ш.(34) од Битола пријавила дека на ул.„Македонски Гемиџии“ во Битола била касната од куче скитник.

Во 11.15 часот во ОВР Струга, Ш.Р.(52) од струшкото село Октиси пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

Во 18.15 часот во СВР Тетово, А.Е.(43) од Тетово пријавил дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

Во 17.15 часот во Полициската станица Центар, А.К.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Васил Ѓоргов“ бил каснат од куче скитник.

Во 10 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Ј.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Мариовска“ бил каснат од куче скитник.