Во дел од Центар не смее да се гради, Уставниот суд ќе го разгледува донесувањето на ДУП-от


  Уставниoт суд на денешната седница одлучил да донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на одобрение за градење врз основа на ДУП Градска четврт Ј07 донесен од советот на Општина Центар во 2014 година. Оваа времена мерка ќе важи сè до донесување на конечна […]

ООУ „Ј. Х. Песталоци“ доби сензорна соба за учениците со образовни потешкотии


Учениците со образовни потешкотии во основното училиште „Ј. Х. Песталоци“ добиваат нова и комплетно опремена сензорна соба. Собата расплага со дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема со што наставниот и стручниот кадар имаат на располагање низа алатки за работа со учениците од ова училиште, особено со учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки, учениците […]

„Лајка“ стерилизирала и кастрирара 111 бездомни кучиња во ноември


Во ноември се спроведени 111 стерилизации и кастрации на бездомни кучиња, со оваа бројка е срушен рекордот на успешно изведени операции на месечно ниво досега во ЈП „Лајка“, информираа денеска од претпријатието. – И покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието и предизвиците со кои се соочуваат вработените секојдневно, во недостаток на ресурси […]

Приватните превозници утре од 6 часот ќе ја блокираат „Илинденска“ од Влада до МИ-ДА


Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утре од шест часот ќе го блокираат сообраќајот во Скопје на десната лента на ул. „Илинден“ на потегот од Владата до МИ-ДА, а околу 200 автобуси ќе бидат паркирани пред Градското Собрание, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски. Тој на денешната прес-конференција рече дека не е постигнат […]

Ласер Ран Скопје 2022 со учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“


ООУ ,,Лазо Ангеловски” – општина Аеродром, ќе биде домаќин на првиот „Ласер Ран“ настан во Македонија, кој ќе се одржи на 02.12.2022 година (петок), со почеток во 10 часот во Спортскиот центар ,,Марко Божиновски“. На настанот ќе учествуваат 150 ученици од училиштето, на возраст од 9 до 14 години, кои ќе се натпреваруваат во трчање […]

Заврши јавниот повик за субвенционирање на чистењето оџаци


Градот Скопје известува дека заврши Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2022 година. -Јавниот повик, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот, траеше од 22.06.2022 до 30.11.2022 година и на истиот по електронски пат пристигнаа 297 барања. […]

Градот и превозниците никако да се договорат, во петок нови протести


Протестот на приватните превозници до утре е во мирување, а за потоа најавија  масовен протест на скопските улици, кога, како што велат ќе ги блокираат крстосниците со 200 автобуси. Дека тоа ќе значи колапс на сообраќајот во градот, нема сомнение, ако се знае дека пред два дена блокираа само една крстосница, онаа кај „Мавровка“ со […]

Нов рекреативен парк на местото на дивата депонија во село Драчево


По повеќе од три децении, дивата депонија во местото викано Оксиген ќе стане огромен рекреативен парк со самонаводнување од 7500m2, соопшти денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. – Во селото Драчево, огромната површина во Оксиген во изминативе триесеттина години служеше како депонија која во еколошка и естетска смисла го нарушуваше животот и здравјето на […]

Советниците во Град Скопје ја чекаат Арсовска да го предложи буџетот


  Како ќе заврши приказната за буџетот на Град Скопје за 2023 година сѐ уште е нејасно, иако е тешко да се поверува дека тој не би бил усвоен, затоа што тогаш ќе треба да се оди на нови избори за советници. Но не е за градоначалник на Скопје, туку само за Советот. Градоначалничката Данела […]

ССМ: Сметката на Водовод блокирана, вработените под постојан притисок од в.д. директорот


Вработените во ЈП „Водовод и канализација“ Скопје алармираат дека се под постојан притисок од в.д директорот Марјанче Митовски кој кулминира со последното писмо кое го испратил до сите вработени во ЈП „Водовод и канализација“ Скопје со кое се става над Управниот одбор во претпријатието и упатува порака до вработените дека не смеат да ги почитуваат […]

Алијанса: Што се виновни нашите деца за да учат без греење?


Алијансата за Албанците реагира на фактот дека поголемиот дел од училиштата со албанско мнозинство во Скопје, поточно во општините Бутел и Чаир се без греење.   -Честопати се прашуваме зошто експериментите се секогаш во овој дел на градот? Се наоѓаме во енергетска криза и се бараат модалитети за да се реши ова прашање. Прашањето што мора […]

СДСМ обвинува: ЈСП купува гориво за цена многу повисока од пазарната


 Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ, обвини денес дека  бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ се единствената причина за колапсот што му се случува на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Според Шутаров, ЈСП склучило договор со кој ќе набави 14,5 милиони литри дизел гориво по цена од 100 денари за литар плус […]

Автентична храна и музика од Босфорот во Скопје


Спој од оригинални гастрономски специјалитети и традиционална музика кој ќе ја пренесе оригиналната атмосфера на Босфорот во Скопје, вака е најавен „Автентичниот вкус на турската кујна“ – настан што ќе се одржува од денеска до 3 декември годинава во главниот град. Домаќин е хотелот „Лимак“, а за автентичноста на настанот ќе се погрижат врвни готвачи […]

Арсовска: Не се преговара со луѓе што уценуваат


 Не се преговара со луѓе што уценуваат и навредуваат и кои тоа го прават зашто вистината не е на нивна страна. Нема да се подлегне на закани и уцени, рече градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за тоа дали ќе има договор со приватните превозници кои дадоа рок до петок или повторно ќе го блокираат сообраќајот […]

Опожарени три контејнери кај Бит пазар – третпат годинава


Непознати сторители вечерва опожарија три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на Бит Пазар. Опожарените контејнери беа со зафатнина од 3,2 м3 и се целосно уништени и неупотребливи. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад,  ЈП „Комунална хигиена“-Скопје опожарените садови веднаш ги […]

Промовиран проектот „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“


Локалните власти имаат клучна улога во пренесувањето на законите и на правилата од Европската Унија и дури 70 проценти од оваа одговорност паѓа на локалната власт, истакна денеска евроамбасадорот Дејвид Гир за време на промоција на проектот „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“ и форумот за можностите и предизвиците на јавното – […]

Блокадата кај „Мавровка“ времено отстранета


  Со оглед на информацијата од МВР дека утре доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да не ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, […]

Вечерва ќе се знае дали ќе продолжи блокадата на крстосницата кај Мавровка


Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, кој денеска присуствуваше за време на продолжението на 19-тата седница на градскиот Совет за советнички прашања, во однос на прашањата поврзани со проблемот на приватните автобуски превозници, истакна дека не ги добиле очекуваните одговори. Дали ќе продолжи блокадата на крстосницата кај Мавровка, ќе се одлучи вечерва. – Дали ќе […]

Утре и задутре посебен режим во Скопје поради посетата на Штајнмајер


На 29.11. и 30.11.2022 (вторник и среда) во официјална посета на државата ќе пристигне делегација предводена од Претседателот на Сојузна Република Германија. Од тие причини, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат […]

Арсовска советува приватните превозници на суд да докажуваат дали ЈСП им должи


Градоначалничката Данела Арсовска им порача на приватните превозници, кои цел ден го блокираат градот кај Судска палата, да си поднесат тужба ако сметаат дека некој им должи пари. Наместо да одговори на советничките прашања на кој начин приватните превозници фактурираат кон ЈСП за извршените услуги и колку картички се наплатени од приватните возачи на се […]