Тројца во Скопје вчера, биле каснати од бездомни кучиња


Улично куче - илустрација (Фото: Б. Грданоски)

 

Три жители на главниот град, вчера пријавиле дека се каснати од бездомни кучиња.

Во 9 часот во Полициската станица Аеродром А.М.(28) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во близина на мост на река Вардар, била касната од куче скитник.

Во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба А.С.(45) од Скопје, пријавила дека на ул.„Финска“ била касната од куче скитник.

Во 21.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Ѓ.М.(77) од Скопје пријавил дека на ул.„Тиранска“ бил каснат од куче скитник.