Крводарителска акција во чест на Тоше Проески


По 19. пат Црвениот крст на Град Скопје и Општинската организација Центар ја организираат традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител Тоше Проески, кого, за жал, прерано го загубивме.

Крводарителската акција ќе се реализира в среда, во холот на Домот на АРМ, во периодот од 9 до 17 часот. 

– Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а, пред сѐ, од помладата популација, која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. Досега, на овие акции, реализирани се повеќе од 5.300 единици крв – информираат од Црвениот крст на Град Скопје.