Исчезна уште еден скопјанец


Семејството од вчера го бара Косто Граоркоски, кој го напуштил домот 17.30 часот.

Исчезнат е во реонот на Долно Нерези, Карпош 4, Влае и Тафталиџе. Облечен е во зеленкаста јакна како на сликата. Ве молиме, доколку го забележите јавете се на следните броеви: 070 357 486, 071 264 348, 071 294 966, 070 891 278, се вели во апелот од семејството. 

Пред две недели и семејството и блиските на Ристе Бочвароски (47) од Скопје, трагаат по него, а  дента на исчезнувањето, околу 13 часот излегол надвор од домот и му се губи секаков траг.

Станува збор за семеен човек, татко на две ќерки, кој имал среден живот и никогаш во минатото не се случило нешто слично.

Андријана, блиска пријателка на семејството Бочвароски за ,,Фокус” вели дека во средата Ристе излегол од домот во Лисиче околу 13 часот. Сопругата била на работа, ќерките спиеле, а на мајка му и кажал дека ќе излезе малку на воздух. Со себе не го зел мобилниот телефон, ниту пак било какви лични документи. Додава дека автомобилот и велосипедот на Ристе се дома. Кога излегол бил облечен во сиви тренерки со капуљача и црна јакна. Висок бил над 190 сантиметри, со нормална градба.

Замолува доколку некој има било каква информација, да се јави на 070 838 030 или на 075 274 706, или пак да пријави во полиција.