Утре без струја делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров


Фото: Б. Грданоски

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 23.01.2023 година (понеделник), без електрична енергија ќе останат:

• од 10:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Мите Богоевски. (Општина Аеродром)
• од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Џумајска. (Општина Карпош)
• од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Радушка. (Општина Ѓорче Петров)