Дел од општина Ѓорче Петров денеска без вода


Без вода денеска од 10:10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Лихнида“ и „Воин Драшкоци“ во општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водовден приклучок ф-150 милиметри на улицата „Воин Драшкоци“ бр.3 во општина Ѓорче Петров.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на дефектот.