Кастрење и уредување на зонските паркиралишта во Центар


Денеска вработени во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со екипа од ЈП „Паркови и зеленило“, излегоа на терен со цел уредување на паркиралиштето на зона А01 кај Агромеханика спроти главна пошта во Центар.

Се спроведува редовно рутинско кастрење на дотраените гранки со цел побезбени и попристапни паркиралишта за возилата, а исто така истите се расчистуваат од смет.

– ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, продолжува со засилено темпо да ги извршува редовните потребни активности, а истовремено работи на развивање на други идеи и решенија за целокупната работа на претпријатието со цел понапредно претријатие – по задоволни корисници на јавните паркиралишта, информираат од претпријатието