Двата коња што угинаа во скопската Зоолошка градина биле ретки животни од Монголија


Двата коња кои вчера угинаа во скопската Зоолошка градина се од видот Пржевалски, цврсто градени коњи со помала висина. Станува збор за многу ретки и скапи животни по потекло од Монголија кои во Скопје биле донесени од Австрија, а на скопската Зоолошка градина и биле донирани од компанијата „Сафари Македонија“. По веста за угинувањето на […]

Ралев: Скопје веќе не е ни модерен ни безбеден град


Скопје некогаш беше модерен град, но сега е пренаселен и непотребно оди во висина и сега е далеку од таа модерност, вели архитектот Мишко Ралев во неделното интервју на Радио Слободна Европа. 60 години од земјотрсот, тој вели дека легалните објекти кои се градат се безбедни, но не е безбеден од аспект на урбанизмот. Kако […]

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година


Управниот одбор на Европскиот олимписки комитет (ЕОК) ја прифати кандидатурата на МОК, во 2025 година градот Скопје да биде домаќин на 18. издание на летниот Европски олимписки младински фестивал (ЕОМФ). Претседателот на МОК, Даниел Димевски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска официјално ќе го преземат знамето на ЕОК, како симбол за организација на […]

Ковачевски ќе го повика целото раководство на Град Скопје за Владата да им помогне


  Бидејќи градот Скопје не функционира и речиси сите работи се во застој, премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека планира да го повика целото раководство на град Скопје, со цел да видат каде и како може Владата да помогне. „Доколку парното не беше субвенционирано од страна на државата и доколку не се обезбеди преземање на […]

Без вода делови од улиците „Алија Авдовиќ“ и „13 Август – Охридски Договор“


– Поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Алија Авдовиќ“ 16/120б (кај Џамијата), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Алија Авдовиќ“ крак 16 и ул.„13 Август – Охридски Договор“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 08:40 часот до завршување на санација на дефектот.

Дел од скопската населба Тафталиџе без вода


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Мексичка“, „Хаванска“, „Виенска“ и „Ташкентска“ во населбата Тафталиџе, Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради  уличен дефект ф-100мм на ул. „Варшавска“ бр.1. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

„Скопје во пет и седумнаесет“: Осветлување на историјата преку светлосни уметнички инсталации


Вчеравечер спектакл од светлина и креативност го исполни вечерното небо над Скопје. Точно во 20:00 часот, креативниот тим на „Скопје лајт арт дистрикт“ иницираше серија неверојатни аудиовизуелни инсталации, ласерски проекции и 3Д-мапирања на Поштата, Телекомуникацискиот центар, Скопското кале и високите кули во Карпош 1 и 2. Инсталациите дадоа илустративен приказ на катастрофалниот земјотрес од 1963 […]

Општина Центар започна со спуштање на надземната мрежа од уличното осветлување


мната мрежа од уличното осветлување и електричните кабли на улицата „Партение Зоографски“ долж улицата „Тасино Чешмиче“, заедно со пропратните улици на тој опфат. -Изведуваме модернизирање на инсталациите со цел да ја промениме онаа грда слика на стари дрвени бандери на кои висат кабли. Сите сме сведоци дека со текот на времето истите се навалуваат до […]

РКЕ пред почетокот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената на парното греење


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пред стартот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената по која скопјани ќе ја плаќаат топлинската енергија. -Поднесените барања за цената се исклучително комплексни затоа што станува збор за година во која имавме миграција на лиценци и прогласена криза состојба. Дополнително цената на гасот драстично […]

Отстранет е лимот кој во невремето се премести на покрив на зграда во Аеродром


Отстранет е покривен лим оштетен од невремето од кров на зграда во Општина Аеродром, соопшти денеска Центарот за управувањ есо кризи.  – По пријава на единствениот телефонски број за повици при итни ситуации 112 во ЦУК за опасност од покривен лим што неодамнешното невреме го нанело на пониска зграда на Булевар „АВНОЈ“ бр. 18 – […]

Конечно дојде на ред поправката на оштетеното детско игралиште кај Т.Ц. „Зебра“


  Ново детско игралиште наскоро ќе добијат децата околу Т.Ц. „Зебра“ во Капиштец. Денеска ќе започне и поставување на реквизитите на местото на постоечкото поради што тоа нема да биде во функција. Станува збор за нови седум реквизити вклучувајќи и нова гумена подлога. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски повикува на трпеливост сѐ до завршување […]

Без вода дел од населбата Бутел 2, Поликлиниката „Чаир“ и Економското училиште „Арсени Јовков“


Поради уличен дефект ф 300 мм на улица „Кемал Сејфула“ бб  денеска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Бутел 2, Поликлиника „Чаир“ и Економското училиште „Арсени Јовков“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до негово завршување. 

Изложбата „Подемот и падот на Скопје“ е потврда за добрината, хуманоста и солидарноста на човештвото


По повод одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, а во рамките на проектот „Скопје во пет и седумнаесет“, денеска во Музејот на современата уметност е отворена дигиталната изложба на Државниот архив, „Подемот и падот на Скопје“. Изложбата на Државниот архив, преку 300 фотографии и документи видени низ објективот […]

Цветен часовник подарок за скопјани


По повод денешниот ден кога точно пред 60 години во пет часот и седумнаесет минути градот Скопје доживеа катастрофален земјотрес, ден кој остави длабоки траги за жителите и духот на градот, со голема почит и во знак на сеќавање ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје оформи нова цветна површина уредена со сезонски цветен расад отсликувајќи […]

На сред филм снемало струја во „Синеплекс“, посетителите си заминале по 45 минути чекање


Проекција на светскиот хит „Опенхајмер“ во киното „Синеплекс“ била прекината на половина поради силното невреме што минатиот викенд го зафати Скопје. Силниот дожд и ветер уништија и дел од опремата во киното. Краткото невреме проследено со дожд и ветер кое пред неколку дена го зафати главниот град, предизвикало краток прекин во напојувањето со електрична енергија […]

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 27 и на 28.07.2023 година (четврток и петок), во раните утрински часови, ќе се реализира четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.   Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе […]

Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес


  Скопје денеска со повеќе активности и манифестации одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Притоа, беа […]

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 27 и на  28.07.2023 година (четврток и петок), во раните утрински часови, ќе се реализира четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.    Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе […]

Аеродром бара Град Скопје да го реши горењето отпад на депонија што ја труе општината секоја вечер


По пријавите и реакциите од страна на граѓаните за непријатен миризба од запален отпад кој се шири на територијата на Општина Аеродром, општинските инспекциски служби излегоа на терен при што констатираа дека станува збор за согорување отпад од депонија не се наоѓа на територијата на општината. Со цел решавање на овој проблем со кој се […]

Место Арсовска, ЕУ ќе ни купи шест еколошки градски автобуси


  Шест нови еколошки автобуси за јавен превоз ќе добие Скопје во рамки на програмата „ЕУ за чист воздух“ финансирана од ЕУ, преку која 10 милиони евра ќе се слеат за подобрување на квалитетот во воздухот,  во период од 3 години (до 2026 година) под раководство на УНОПС. Истата програма предвидува и Скопје да биде […]