Почнува реконструкција на ул. „Никола Карев“


Фото: Б. Грданоски

 Екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје денеска од 7 часот почнуваат со градежни активности за реконструкција на ул. „Никола Карев“ на потег од мост „Беласица“ до коцката со бул. „Кузман Јосифовски Питу“.

Во текот на наредните три дена, најавија од ЈП Улици и патишта Скопје, ќе се одвиваат активности за машинско гребење на коловозната површина.

– Реконструкцијата ќе се одвива етапно лента по лента, согласно сообраќаен времен режим. По машинското гребење на улицата следуваат активности за  нивелирање на сливниците и шахтите, а потоа  асфалтирање, најави ЈП „Улици и патишта“ Скопје.

На целиот потег што е предвиден за реконструкција ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.