Без вода дел од „Партизанска“ во Скопје


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекинато водоснабдување ќе има на дел од бул.„Партизански Одреди“, поточно позади СЈО и ул. „Црвена Вода“, во Општина Центар.

Прекинот со водоснабудвање ќе биде од 10:30 часот до завршување со активностите, а е поради изведување на водоводен приклучок од Ф-80 мм на бул. „Партизански Одреди“ бр.38 во општина Центар.