Ќе се гребе асфалтот на „Никола Карев“ до мостот „Беласица“


Мост „Беласица“ (Фото: Б. Грданоски)
утре, од 7 часот екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје почнуваат со градежни активности за реконструкција на ул. „Никола Карев“ на потег од мост „Беласица“ до крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“.
 
Во текот на наредните три дена ќе се одвиваат активностите за машинско гребење на коловозната површина.
 
Реконструкцијата ќе се одвива етапно лента по лента, согласно сообраќаен времен режим.
 
По машинското гребење на улицата следуваат активности за  нивелирање на сливниците и шахтите, а потоа  асфалтирање .
 
На целиот потег кој е предвиден за реконструкција ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.