ООУ ,,Рајко Жинзифов” и ,,Кирил Пејчиновиќ” добиваат сензорни соби


Tечат финалните подготовки на сензорните соби во основните училишта ,,Рајко Жинзифов” и „Кирил Пејчиновиќ”.

Опремата која се состои од реквизити, посебни материјали и сензорно осветлување со смирувачко дејство треба да пристигнат за десеттина дена.

 

-Со овие две нови, како и во ООУ ,,Партенија Зографски” за кое бараме соодветна просторија за преадаптација, го завршуваме циклусот на обезбедување на сензорни соби во сите основни училишта на територијата на општина Кисела Вода. Останува уште ООУ ,,Климент Охридски” за кое веќе се подготвува проект за целосно нов објект и веднаш по изградбата и тоа ќе добие исто така, сензорна соба – истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој беше во посета на ООУ,,Рајко Жинзифов” .

Тој додаде дека инклузијата на лицата со посебни потреби стои високо на листата на неговите приоритети и се прават сериозни чекори во практикување на нивен еднаков третман во образовниот систем, како и во сите сфери на општеството.

-За две години од мојот мандат, дечињата со посебни потреби кои се вклучени во редовната настава имаат соодветни услови за образование.Мојата грижа за нив е континурана и секогаш ќе биде, бидејќи тие заслужуваат еднаков третман – заклучи Ѓорѓиевски.