Две лица незаконски наплатувале паркинг во Скопје, добија кривична од МВР


Паркинг - Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи информираше дека денес во близина на Јавната здравствена установа – Поликлиника Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, извршиле контрола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности” по чл.225  и  кривично дело „бесправно градење”  од чл.244-а од КЗ.

– На лице место се затекнати две лица, кои незаконски наплатувале за паркинг услуги, информираат од полицијата. 

По документирање на случаите,  ќе следат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје.