Запознавање со цивилната заштита низ игра, настан на ДЗС во Градскиот парк во Скопје


Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска во Градскиот парк во Скопје организира настан за запознавање на учениците со цивилната заштита под мотото „Соочи се со предизвиците низ игра“. 

Учениците од училишта на Град Скопје ќе бидат дел од настанот на кој предвидено е преку тематски игри и показни вежби да се запознаат со цивилната заштита како и со тимовите за заштита и спасување.

Дел од игрите во кои децата ќе имаат можност да учествуваат се гасење пожар со пиштолчиња, намотување на пожарникарско црево – кој прв ќе го собере цревото, влечење јаже, скокање на јаже, вртење хулахоп и многу други.