Трето издание на „SKOPJE AIR FAIR 2023“


Во Скопје денеска во организација на Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“ ќе се одржи третото издание на „SKOPJE AIR FAIR 2023“. 

Овој воздухопловно едукативен саем се одржува под покровителство на Град Скопје и претставува шанса за младите да дознаат повеќе за најразличните професии во воздухопловството.

Учесници на саемот ќе бидат Воздухопловната академија од Белград, Европскиот институт за авијација од Романија, ТАЕ Воздухопловна академија од Грција, Агенцијата за цивилно воздухопловство на на РС Македонија, ТАВ Аеродроми, Воздухопловната федерација на Македонија, Аероклуб Скопје, Римин Ер, Аероклуб Штип, Тренинг центарот за пилоти на Балони ,,Мимакс Балон”, Воената академија,       Хеликоптерска единица при Министерството за внатрешни работи, Ад Вербум (сеетифоциран ТЕА тест центар), Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“, Народна техника, Dronbuzz воздухопловни услуги…