Костадиновска-Стојчевска: За шест месеци ЕК ќе дојде во контрола за оправданоста на титулата ЕПК за Скопје


За шест месеци Европската комисија ќе испрати луѓе да извршат контрола на тоа што е направено за Скопје да ја оправда титулата Европска престолнина на културата 2028, а Градот уште не ги доставил документите за Универзалната сала, која Министерството ја презеде да ја доизгради, а потоа повторно да ва јрати во власение на градот. – …

Костадиновска-Стојчевска: За шест месеци ЕК ќе дојде во контрола за оправданоста на титулата ЕПК за Скопје Read More »

„Комунална хигиена“ апелира да се внимава при фрлање отпад во контејнери


 Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје апелира граѓаните внимателно да ракуваат со садовите наменети за одлагање на отпадот, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно оперативната програма за работа. – Секое оштетување на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад …

„Комунална хигиена“ апелира да се внимава при фрлање отпад во контејнери Read More »

Дел од Карпош и Чучер Сандево без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош и Чучер Сандево, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 9:00 до 1:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Букурешка“, во Општина Карпош. Во периодот од 09:30 до 11:30 часот без струја ќе останат …

Дел од Карпош и Чучер Сандево без струја Read More »

Запален контејнер во ГТЦ ги крена пожарникарите на нозе


Поради невнимание во Градскиот трговски центар во Скопје околу 18 часот се запалиле контејнери, а по интервенција на пожарникарите, пожарот е ставен под контрола. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, за МИА информира, дека повредени нема, а на терен биле испратени четири противпожарни возила, бидејќи пријавата била непрецизна. – Пријавата беше непрецизна …

Запален контејнер во ГТЦ ги крена пожарникарите на нозе Read More »

Во дворот на ООУ „Александар Македонски“ поставен полнач за електрични тротинети


Во Општина Аеродром промовиран првиот полнач за електрични тротинети кој работи на соларна енергија. Општина Аеродром стана првата општина во Македонија во која беше промовиран првиот полнач за електрични тротинети кој работи на соларна енергија, а ќе биде достапен за користење на сите граѓани. Станува збор за проект кој се реализира во рамките на проектот …

Во дворот на ООУ „Александар Македонски“ поставен полнач за електрични тротинети Read More »

Универзална сала уште не е предадена на Министерството за култура, нешто е закочено


  Иако од одлуката има поминато два месеци Градот Скопје никако да ја предаде Универзалната сала на Министерството за култура за да се заврши нејзината реконструкција. „Универзалната сала  сѐ уште е под надлежност на Град Скопје. Се надевам дека одложувањето на предавањето на правото на реконструкција на Министерството за култура, не е предмет на политички …

Универзална сала уште не е предадена на Министерството за култура, нешто е закочено Read More »

ЦУК: Падна дел од фасада на Рекорд, за среќа никој не е повреден


Преку Единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел фасада и можна опасност да падне уште дел во Центар, Скопје. Останатиот друг дел фасада, најгоре од зградата, не се знае со сигурност, но секако е потенцијална опасност за нинувачите. За среќа никој не е повреден, информира Центарот за управување со кризи. …

ЦУК: Падна дел од фасада на Рекорд, за среќа никој не е повреден Read More »

Град Скопје набави специјално адаптирани возила за деца и лица со потешка телесна инвалидност


Градот Скопје набави нови специјално адаптирани моторни возила, со цел да се олесни движењето на децата и лицата со потешка телесна инвалидност и со кои во голема мера ќе се олесни нивното секојдневие. – Посветено работиме Скопје да биде град на грижа, град кој промовира инклузивност и безбедност за сите негови жители преку системски, сеопфатни …

Град Скопје набави специјално адаптирани возила за деца и лица со потешка телесна инвалидност Read More »

Завршено обновувањето на улицата „Никола Карев“ кај Железничка


Реконструирана е улицата „Никола Карев“, која поминува покрај железничката станица во Скопје и се протега до мостот „Беласица“.   Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска направи увид и ја промовираше реконструираната улица „Никола Карев“, на потегот од крстосницата со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до крстосницата со улица „Ѓуро Ѓоновиќ“.   – За само една …

Завршено обновувањето на улицата „Никола Карев“ кај Железничка Read More »

Лицата со попреченост добиваат повластено паркирање за 2024 година


Во тек е процедурата за прибирање на барања од страна на лицата со попреченост (ЛП) за користење на повластени услуги за паркирање за календарската 2024 година. За таа цел, ги повикуваме лицата со попреченост, жители на град Скопје, да достават уредно пополнето Барање и во прилог да ги достават следните документи: 1. Копија од важечка …

Лицата со попреченост добиваат повластено паркирање за 2024 година Read More »

МТСП: Четврток неработен ден, а среда скратено работно време за државната и јавната администрација во Скопје


Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29-ти ноември (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, а 30-ти ноември (четврток) се определува за неработен ден. Истиот нема да се одработува, известува Министерството за труд и социјална политика, врз основа на заклучоците донесени  на 199 седница на …

МТСП: Четврток неработен ден, а среда скратено работно време за државната и јавната администрација во Скопје Read More »

Зонското паркирање во Аеродром, во втората фаза и Ново Лисиче и Реонски центар


По барање на граѓаните, а како резултат на заложбите на општината за воведување ред во паркирањето и сообраќајот, по надминување на административните пречки, вчера во Општина Аеродром започна реализацијата на проектот „Зонско паркирање“ кој ќе се реализира во две фази и се очекува да заврши до крајот на годината. Првата фаза ги опфаќа формирање и …

Зонското паркирање во Аеродром, во втората фаза и Ново Лисиче и Реонски центар Read More »

Внимателно! Попладнево се асфалтира крстосницата кај ФОН и „Мерцедес“ во Аеродром


Известување за изведба на градежни активности за асфалтирање на крстосницата на булевар „Киро Глигоров“ кај Универзитет ФОН, стигна од „Улици и патишта“.   – Ве известуваме  дека денеска 16.11.2023г (четврток) од 17 часот екипи на ЈП Улици и патишта Скопје ќе имаат градежни активности за асфалтирање на крстосницата на булевар „Киро Глигоров“ кај ФОН Универзитетот …

Внимателно! Попладнево се асфалтира крстосницата кај ФОН и „Мерцедес“ во Аеродром Read More »

Реновирано Одделението за литература за деца во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска заедно со директорката на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, Снежана Стојчевска го отворија реновираното Одделение за литература за деца. Одделението е модерно уредено со елементи, книги и содржини кои ќе ја поттикнат детската желба за читање и креација, а е наменето за читатели од предучилишна и училишна возраст, односно …

Реновирано Одделението за литература за деца во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Read More »

„Фестивал на чај“, со лековити билки, есенцијални масла, кинески церемонии и ботаничка градина во Скопје


Со слоганот „Ослободете ја моќта на билките“ на 17 ноември, во 10 часот ќе биде отворен голем „Фестивал на чај“ на кој ќе се претстават 30-тина учесници и ќе трае до 19 ноември. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Nature Expedition“ и Скопје Сити Мол. Во најголем …

„Фестивал на чај“, со лековити билки, есенцијални масла, кинески церемонии и ботаничка градина во Скопје Read More »

Отворени денови со граѓаните на Скопје за социјални прашања


Меѓуопштинскиот центар за социјална работа (МЦСР) на град Скопје во соработка со општините организира отворени денови со граѓаните на град Скопје и приградските општини кои користат услуги од социјална сфера од ЦСР, за појаснување на правата и услугите на граѓаните за социјални прашања. Отворените денови ќе се реализираат до крајот на 2023 година во просториите …

Отворени денови со граѓаните на Скопје за социјални прашања Read More »

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска го потпиша договорот за имплементација на Системот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, во соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Градот Скопје. Имплементатор на проектот е Градот Скопје, а средствата во висина од 70 милиони евра за реализација на овој проект …

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје Read More »

Отровна материја расфрлена меѓу зградите на улиците „Варшавска“ и „8 Септември“ во Карпош


Отровна материја е расфрлена меѓу комплексот згради на крстосницата меѓу улицата „Варшавска“ и „8 Септември“ во општина Карпош, информира Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.  Од оваа отровна материја, како што стои во информацијата, умираат бездомни животни, а опасна е и за децата кои случајно може да дојдат во допир со неа.  Преку Регионалниот …

Отровна материја расфрлена меѓу зградите на улиците „Варшавска“ и „8 Септември“ во Карпош Read More »

Отстранети 150 кубни метри отпад од диви депонии


 Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа приближно 150 кубни метри неправилно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Аеродром, Центар и во Бутел. Како што соопшти Јавното претпријатие, во рамките на активностите е комплетно расчистен реонот околу Градските гробишта во Бутел, каде се …

Отстранети 150 кубни метри отпад од диви депонии Read More »

Без струја делови од Центар, Катланово, Петровец и Страчинци


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека, според известување од ЕВН,  без електрична енергија денеска ќе бидат кориснци од неколку населени места во околината на Скопје, поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. Од 8:30 до 15 часот струја ќе немаат корисници од Катланово: Тотинци, Бадар, Кожле, ЗИК Фазанерија, фирмите „Арадико“ и …

Без струја делови од Центар, Катланово, Петровец и Страчинци Read More »