Утре изменет сообраќаен режим поради „Скопје на точак 2019“


Посебен режим на сообраќајот ќе биде воведен утре во Скопје поради велосипедската трка „Скопје на точак 2019“. Трката почнува во 11.00 часот, а трасата на движење на учесниците со велосипед ќе биде од фонтаната „Лотос“ во Градски парк, право по булеварот „Илинден“, лево по ул.„Љубљанска“, лево по бул.„Партизански одреди“, лево по бул.„ВМРО“, па десно по […]

Георгиевски: Спроведени повеќе од 100 проекти, акцент ставаме на животната средина


Пред две години кога ја презедов функцијата градоначалник на Гази Баба наследив општина со многу проблеми кои со години се провлекувале, општина со долг над 2,5 милиони евра и населени места без вода за пиење и канализациска мрежа. Општина Гази Баба веќе две години оди кон подобро, а проектите што сме ги реализирале досега тоа […]

Коце Трајановски: Скопје никогаш не бил повалкан град


Поранешниот градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, по две години од доаѓањето на Петре Шилегов на чело на Градот, молчеше, а денеска проговори затоа што сметал дека на секој човек кој што доаѓа на нова функција треба да му се даде време да се види како ја извршува функцијата и кои се […]

Почна изградбата на патот од село Бутел до село Љуботен


Почна изградбата на патот од село Бутел до село Љуботен, кој ќе биде долг 5,5 километри и ќе се прошири за уште еден метар, а треба да се заврши во рок од 120 дена. Премиерот Зоран Заев, кој денеска заедно со градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на […]

Загадувањето може да ги избрка туристите од Скопје


Скопје има потенцијал да привлече голем број на туристи, но потребно е да се збогати понудата и да се направи сериозен исчекор за да тој стане центар на Балканот. Градот по бројот на ноќевања веќе го има надминато Охрид, а за туристите интересни се културно-историските знаменитости, архитектурата и храната. – Повозрасните туристи сакаат да го […]

За Задушница посебен сообраќаен режим кај гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров


Поради верскиот празник Задушница денеска од 14 часот и утре во периодот од 6 до 16 часот ќе биде воведен променет сообраќаен режим кај гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров за што од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Како што информира МВР, […]

Општина Аеродром ги прашува граѓаните каде да сади дрвја


Општина Аеродром денеска објави прашалник за прибирање предлог-локации за садење нови дрвја на јавни зелени површини во текот на ноември. – Се повикуваат граѓаните до 10.11.2019 година да даваат свои предлози за садење дрвја што се наоѓаат на јавното зеленило под ингеренции на Општина Аеродром, односно локации покрај улици, јавни зелени површини и места каде […]

Косовски земјотрес почувствуван и во Скопје


  Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утворо е регистритан на територијата на Косово, а беше почувствуван и во Скопје. Земјотресот се случи во 7.53 часот утрово, а бил на 74 километри западно од Скопје, на територија на соседно Косово. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пишува на страницата на Европсо-медитеранскиот […]

Шилегов: Автобуси на водород од февруари за почисто Скопје


Се наоѓаме на половина од мојот мандат. Две години сме заедно. Ги решаваме проблемите коишто ги затекнав чекор по чекор. Ги решаваме на начин којшто ќе овозможи Скопје да стане град каков што веројатно секој од нас потајно го посакува, порача синоќа градоначалникот на Град Скопје на трибината „Чекор по чекор за Скопје, две години […]

Во Скопје денеска посебен режим на сообраќај


Во Скопје денеска од 13 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протестен марш, што ќе започне од паркот во Чаир. – Денеска со почеток во 13 часот е најавен протестен марш, кој ќе започне од паркот во Чаир, продолжува право по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, право по улицата „Цветан Димов“, десно […]

Од денеска со сметките на водовод и упатство за одлагање на отпадот


Како дел од новиот концепт за третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во градот, од денеска граѓаните на Скопје со сметките на ЈП „Водовод и канализација“ добиваат и флаер со упатство за правилно одлагање на нивниот отпад. -Во флаерот градоначалникот Шилегов им се обраќа на своите сограѓани и им порачува дека со […]

Општините во Скопскиот регион лани склучиле повеќе договори за јавни набавки, 27 без оглас


Општините во Скопскиот плански регион минатата година склучиле 273 договори повеќе во споредба со 2017 година. Од нив, 27 договори во вкупна вредност од 778 илјади евра се склучени без објавување на јавен оглас, а 254 постапки се делумно или целосно поништени. Според истражувањето на Здружението на економски новинари (ЗЕН), во 2018 година општините во […]

Заев најави трамвај и гасификација во Скопје за намалување на загадувањето


Поради енормното загадување на воздухот што во изминатите деновиве се случува во Скопје и во Куманово, но и во другите градови во земјата формирани се тимови со седум владини советници кои работата на координација на сите инспенторати вклучувајќи го и МВР. Целта е, како што појасни премиерот Заев на денешната седница за пратенички прашања е […]

Општините се обучуваат како да развиваат социјални услуги во заедниците со поддршка на државата


Општините во наредниот ќе може да аплицираат за грантови наменети за проекти за развој на социјални услуги во локалните заедници, вклучувајќи непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка и други иновативни услуги во заедницата, за […]

(Фото)„На точак“: Новите контејнери испречени пред велосипедистите


Новите контејнери кои се поставени на повеќе локации во градот, некои и на самите велосипедски патеки значително го отежнуваат движењето и мобилноста на велосипедистите, пешаците и инвалидизираните лица, се вели во реакцијата на граѓанската иницијатива На точак. „Граѓаните реагираат поради недостатоците и проблемите кои произлегуваат од ваквото решение, делумно и како одговор на ситуации со […]

Правила и казни до 120 евра за возење тротинети


  Задолжителна кацига, флуоресцентно елече, обоележано возило, возење по велосипедска и пешачка патека, никако на коловоз, инаку казни и до 120 евра предвидува новиот закон за регулирање на употребата на електрични тротинети кој го помина владиниот филтер. Според предлог-измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР предлага електричен тротинет да смеат да возат […]

Комунална хигиена почна да го чисти просторот под Железничка


Инспекторатот на град Скопје го задолжи ЈП „Комунална хигиена“ просторот под Железничката станица да биде целосно исчистен. Како што информираат од Инспекторатот, известени се Центарот за социјални грижи и Инспекторатот на општина Аеродром – градежна инспекција за отстранување на изградените импровизирани живеалишта бидејќи Инспекторатот на град Скопје нема надлежност да отстранува градби и згрижува луѓе.

Малиќи: Град Скопје посветено работи на формирање Комисија за односи меѓу заедниците


Град Скопје има законска обврска за формирање Комисија за односи меѓу заедниците, но претходната градска администрација не успеа да ја формира. Во Статутот на Град Скопје е предвиден бројот на членови, како и начинот за нивен избор. Градската администрација интензивно работи на подготовки за формирање на Комисијата и  ќе се заложиме да ги надминеме сите […]

Плаќање на заостанати долгови за вода и смет без камата до 29 ноември


Граѓаните на Град Скопје од четврти до 29 ноември годинава ќе можат да ги платат заостанатите долгови за вода и комунален смет без камата. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, на 22-та седница Управниот одбор на ова претпријатие донесе одлука за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината […]

Почесто пријавување на загадувачите за почист воздух


Ако се сакаме себе си, ќе направиме се што е возможно за да влијаеме и да го намалиме аерозагадувањето. Можеби јас како индивидуа не можам да го намалам загадувањето, но ако сите заедно делуваме, почесто пријавуваме и најдеме начини како да се справиме и со поголемите загадувачи, се надевам дека оваа зима ќе дишеме малку […]