Утре без струја делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров

Делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре ќе бидат без електрично напојување, соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД.

Во општина Аеродром од 8.30 до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците „Петар Ацев“, „Анастас Митрев“, „Иван Горан Ковачиќ“ и улиците што се во нивна непосредна близина, а од 11 до 15.30 часот, корисниците од булевар „Видое Смилевски Бато“, делот позади Боксер.

Без струја во општина Ѓорче Петров од 9 до 13.30 часот, ќе бидат корисниците од ул.„Алекса Демниевски“ ул.„23“ и околните улички, а од 9 до 12 часот, потрошувачите од ул. „59“ с. Волково.

Од 9 до 12.30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од дел од ул.„Козле“ кај „Макпетрол“ кај бр.93 , а од 12 до 14.30 часот, корисниците од дел од потрошувачите во с.Бардовци кај зградите на Машинац во општина Карпош.