Јавниот повик за субвенционирање инвертери до вечерва на полноќ


Градот Скопје ги информира граѓаните дека јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата се прекинува вечер, на полноќ.

Во текот на наредните денови Градот Скопје ќе ги обработува пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што јавноста ќе биде навреме информирана.

Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 4.060 пријави.

Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари  2020 година до завршувањето на повикот на 30 октомври 2020 година или  денот на исцрпување на средствата. На овој повик граѓаните може да аплицираат онлајн.

Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување може да се најдат на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020