Бутелчани бараат поликлиника, амбулантата им се распаѓа

 

Повеќе жители на Општина Бутел бараат изградба на поликлиника во општината, затоа што амбулантата која сега опслужува 60.000 граѓани е речиси руинирана.

За таа цел, најавиј аи протест во сабота, на кој ќе побараат државата во услови на ковид-19 да им овозможи достојно место каде може да посетат лекар, а секако, бараат да проработи и лабораторија.

– Нашата општина е единствена општина која на територија на град Скопје нема поликлиника, а моменталната амбуланта е во тотален распад како што можете да видите и на фотграфиите во прилог. Оваа амбуланта која опслужува над 60.000 жители како од нашата општина така и од соседните општини нема ни основни елементарни услови а камо ли граѓаните да извршуват здравствени услоги. Повеќе од година дена и можноста за лабароторија која ја обавувавме во оваа амбуланта ја нема. Во услови на светска пандемија и една од општините со константен број на новозаболени и секогаш при врвот на болни од Ковид-19 ние немаме можност за обавување на здравствените потреби. Секој жител на општина Бутел е приморан да ја напушти општината доколку има потреба и од основните здравствени услуги – велат иницијаторите на протестот.

Најавија дека имаат околу 200 поддржувачи и дека же протестираат во сабота (26.09.2020) со почеток од 11 часот на улица „Бутелска“ на главната крстосница кај слаткарнцата.