Детската градинка „Срничка“ по 40 години добива комплетно нова кујна


По цели 40 години Општина Аеродром врши темелна реконструкција на главната кујна на детската градинка „Срничка“ во објектот „Чекорче“. Деновиве интензивно се работи на промена на плочките, рушење на одредени ѕидови, промена на водоводната мрежа и на целосна замена на електричната инсталација, како и други градежни активности што се финансирани од Општина Аеродром. По завршувањето […]

ЈП „Комунална хигиена“ ги засука ракавите – чисти, мие, собира ѓубре…


Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со интензивирање на активностите за одржување на чистотата и хигиената во градот. Како и досега активностите продолжуваат и во наредниот период. Претпријатието ќе спроведе значајна акција за миење на контејнерите за отпад и на локациите каде што се поставени истите. Оваа акција ќе опфати детално чистење на контејнерите, […]

Без вода Детската болница Козле, Кабинетот на Претседателот на РСМ, високите зони во Козле и Прижино…


Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од вилите на Водно, Кабинетот на претседателот на РСМ, како и улиците „Ацо Караманов“, „Периша Савељиќ“, „Караорман“, населбата Козле висока зона, населбата Пржино висока зона, како и дел од улиците „Тодор Александров“, „Славејко Арсови“ и Детската болница Козле. ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека прекинот во водоснабдувањето […]

Делови од Аеродром, Арачиново и Гази Баба вечер без струја


Делови од населбите Аеродром, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Реонски центар и Острово  вечер, од полноќ до 8:00 часот, ќе останат без струја. Како што објави Општина Аеродром на Фејсбук, прекините се поради планирани технички зафати. Без снабдување со електрична енергија вечер, од 1:30 до 9:00 часот ќе бидат селата Арачиново, Орланци, Мојанци, Брњарци, Трубарево, Стајковци, […]

И „Комунална хигиена“ поставува контејнери за кабаст отпад – опфатени сите скопски општини


ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира граѓаните дека од 5.8..до 11.9. 2024 г. на повеќе локации во сите општини на градот ќе постави контејнери за кабаст отпад во близина на нивните домови кадешто граѓаните ќе можат бесплатно да го одложат во контејнерите. Со тоа ќе се избегне грдата слика во населбите на нашиот град. Се надеваме […]

Делови од Аеродром ноќеска без струја, информираат од ЕВН


Електродистрибуција ги информира граѓаните дека поради планирани технички зафати делови од Општина Аеродром во текот на наредната ноќ ќе останат без струја.   Прекини во снабдувањето со електрична енерија се планирани во периодот од полноќ ноќеска до 8 часот утре наутро во делови од населбите Аеродром, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Реонски центар и Острово.

Ќе се реконструира улицата „Елисие Поповски“


Улицата „Елисие Поповски“ во скопската населба Капиштец ќе биде реконструирана. Работите ќе ги изведува Општина Центар во рамки на своите надлежности и годишен план за реконструкција и реализација на капитални инфраструктурни проекти. Во рамки на договорот што градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски го склучи за реконструкција на „Елисие Поповски“ предвидено е вадење на стариот […]

Последен ден од акцијата на ЈП Водовод за отплата на долговите без пресметка на камата


ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека акцијата за отплата на долговите за вода без пресметка на камата за задоцнето плаќање завршува денеска. -Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024. Ги повикуваме сите корисници кои имаат […]

Горел балкон на шести кат во зграда во Ново Лисиче


Од седум часот утрово, досега, Територијалната противпожарна единица во Скопје интервенирала на 16 пожари, од нив, еден во зграда  во Ново Лисиче. Информацијата вечерва за МИА ја потврди командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески. – Опожарен беше балкон на шести кат во зграда во Ново Лисиче, интервенирано е со две возила и седум пожарникари. […]

Прекинато водоснабдување на дел од корисниците во Карпош, Ново Маало и од село Никиштани


Прекин на водоснабдување денеска ќе имаат дел од корисниците во Карпош, од Ново Маало, општина Центар и од село Никиштани, општина Ѓорче Петров.  Како што информираа од ЈП Водовод и канализација –  Скопје пради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф 125 мм на ул. „Блажо Тодоровски“ бр 9 во Центар, денеска од 07:30 часот […]

Намален притисок во водоснабдување во дел од Карпош


 Поради уличен дефект утре намален притисок во водоснабдувањето ќе имаат жителите од улиците „Манапо“, „Карпошово Востание“, „Огражден“, „Струма“ и „Радика“ во општина Карпош. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Автобус на ЈСП Скопје се запали во Бутел


 Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запалил во скопската оштина Бутел по што интервенирала Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Оттаму информираат дека интервенирале со едно возило и го изгаснале пожарот на запалениот автобус на ЈСП на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во населбата Бутел. Станува збор за автобус ЛАЗ […]

Општина Центар со засилени контроли – не може маси до сред улица!


Општина Центар согласно своите надлежности, започна со вонредни инспекциски надзори и контроли на правни субјекти што функционираат на територијата на општината, а коишто користат јавна површина за поставување на урбана опрема. Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ги спроведува ваквите контроли, со цел спречување на поставување и отстранување на нелегално поставена урбана опрема. Правните […]

Кисела Вода ги повикува изнемоштените лица да се пријават за бесплатната услуга „Итно Копче”


Општина Кисела Вода и Црвениот Крст денеска објавија јавен повик на кој може да се пријават заинтересираните за користење на услугата „Итно Копче”. Како што соопштија од Општината, станува збор за аларм уред поставен на нараквица, кој на повозрасните и изнемоштени лица во случај на итна здравствена потреба им овозможува да искомуницираат со оператор или […]

Се намалува цената на парното


Цената на парното греење за домаќинствата во Скопје од 1 август се намалува за 3,16 отсто за корисниците на ЕСМ, за 1,71 отсто за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика. За деловните корисници и училиштата поевтинува за 17,3 отсто кај ЕСМ, за 17,22 кај Скопје Север и […]

Од Ново Лисиче Општина Аеродром почна со нов начин на чистење – може конечно ќе блеснеме


Општина Аеродром спроведе реорганизација во одржувањето на хигиената на јавните површини, со што се воведува нов распоред за одржување на реоните и максимално искористување на целата механизација со која располага општината, соопштија денеска од таму. Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром ваквиот нов начин за одржување на хигиената го воведува на ниво целата […]

Почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Аеродром


Општина Аеродром од денеска почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до крајот на септември. Во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени садови каде што граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел. Од […]

Уште две основни училишта во Карпош добија фотоволтаични системи


По поставувањето на фотоволтаични системи во ООУ „ Јан Амос Коменски“ и „Лазо Трповски “, општина Карпош продолжи со поставување на исти такви и во основните училишта „Димо Хаџи Димов„ и „Петар Поп Арсов“, како дел од планот за поставување на вакви фотоволтаични централи во сите основни училишта на територијата на локалната самоуправа. Градоначалникот Стевчо […]

МВР: Пронајдено е детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот


Полициски службеници од СВР Скопје вечерва околу 19.:20 часот го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18:40 часот неговата мајка С.Н. во Полициската станица Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.  -Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презедоа сите неопходни мерки и активности и детето е пронајдено […]

Град Скопје со поетски фестивал и изложба одбележува 61 година од скопскиот земјотрес


Град Скопје најави два настана во рамките на одбележувањето на 61 година од катастрофалниот земјотрес.   Со почеток во 19 часот во ЈУ Младински културен центар ќе се одржи првиот интернационално традиционален поетски фестивал „Заедно за Скопје“ посветен на земјотресот од 1963 година, на кого учество зедоа 130 поети од 40 држави.   Во Музеј […]