ЦУК: Падна дел од фасада на Рекорд, за среќа никој не е повреден


Преку Единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел фасада и можна опасност да падне уште дел во Центар, Скопје. Останатиот друг дел фасада, најгоре од зградата, не се знае со сигурност, но секако е потенцијална опасност за нинувачите. За среќа никој не е повреден, информира Центарот за управување со кризи.

Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја извести Општина Центар за понатамошна понатамошна постапка, согласно нивните оперативни процедури за вакви настани.

Настанот, согласно информациите од дежурните во Секторот за операции и координација, конкретно се случил на ул. ,,Димитрие Чуповски” кај ,,Табако Жак Мар” во близина на Министерство за правда.

Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата што почнала да паѓа, велат од ЦУК.