Внимателно! Попладнево се асфалтира крстосницата кај ФОН и „Мерцедес“ во Аеродром

Известување за изведба на градежни активности за асфалтирање на крстосницата на булевар „Киро Глигоров“ кај Универзитет ФОН, стигна од „Улици и патишта“.
– Ве известуваме дека денеска 16.11.2023г (четврток) од 17 часот екипи на ЈП Улици и патишта Скопје ќе имаат градежни активности за асфалтирање на крстосницата на булевар „Киро Глигоров“ кај ФОН Универзитетот и салонот на „Мерцедес“. Поради изведба на градежните активности сообраќајот ќе се одвива етапно, прво ќе биде зафатена една коловозна лента, па потоа другата и при асфалтирањето ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
ЈП „Улици и патишта“ апелираат за трпение на сите учесници во сообраќајот до завршување на градежните работи на оваа крстосница.