Ковачевски го праша Хоџа за регионалните депонии: Сите се во фаза на администрација, а почнале од 2007 година
Со јавните инвестиции за рамномерен регионален развој за регионално управување со отпад во осумте плански региони се планираат инвезтиции од 144 милиони евра финансирани преку замени, грантови и средства од државниот буџет. Но, наместо овие инвестиции да резултираат со функционален систем, граѓаните имаат сериозни проблеми со она шшто е реализирано на терен, односно она што воопшто не е реализирано, рече пратеникот Димитар Ковачевски, од редовите на СДСМ, денеска на седницата за пратенички прашања од опозицијата.

Тој го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, до каде е работата не петте регионални центри за управување со отпад, а како најдрастичен пример го наведе центарот во источниот и североисточниот регион, кај Свети Николе, во вредност од 48,4 милиони евра, кој опфаќа 18 општини. Подготовката на проектот започнала уште во рамките на ИПА 1 во 2007-2013 година,а реализацијата била планирана за периодот 204-2020 година со ИПА 2… но, и покрај толку долгата подготовка, третата фаза која предвидува изведба на регионална депонија, со трансфер станиците, значително доцни и не е реализирана. Заради ова, вредноста на проектот е зголемена за 40 проценти, а учеството на европските средства е намалено од првично предвидените 85 на 35 проценти. Националното учество пак се зголемува на 65 отсто, а постои реална можност да се изгубат европските средства поради доцнење. Во иста состојба се и изградбите на регионалните центри во Новаци, Русино и Свети Николе.
„Се разбира дека регионалниот центар за собирање на отпад останува еден од приоритетите на Министерството за животна средина, затоа со самиот факт што ќе воспоставиме регионален центтар во соодветните региони ќе значи воспоставување на ред и реализација на една многу значајна реформа во однос на отпадот во земјата. Целосно ја разбирам реакцијата на пратеникот и на граѓаните и на секој, што се однесува на управување на отпадот.
Што се однесува на градењето на регионалниот центар во Свети Николе … тоа е процес којшто се одвива од страна на Министерството за финансии, односно институцијата во рамките на министерството којашто е одговорна за средствата од ЕУ и оваа процедура е во процес и официјално како МЖСПП сѐ уште не сме информирани околу процесот и затоа нема повеќе да давам детали за тоа“, рече министерот Хоџа.

Тој вели дека како министерство продолжуваат со подготовка на документација или други процедури за градење на трите други центри во Македонија. Во Русино, административните подготовки се во процес на провршување, до крајот на оваа година, а во следните години ќе се пристапи кон негова реализација. Тој ќе биде првиот изграден со европски еколошки стандарди. Објавено е и градењето на трансфер центар во Тетово кој треба да му помогне на овој регионален центар. Детали околу финансиски средства Хоџца не ги истакнува пред јавноста, затоа што тоа се процеси во тек.
Според Хоџа, и Новаци е на ниво на административни и процедурални подготовки, кој ги опфаќа општините кои припаѓаат на јужниот и западниот регион. Таму треба да се изградат пет трансфер центри во сите градови од овој регион.
За третиот центар во јужниот регион работите се на почеток.
Сепак, Хоџа вели, дека со последната дигитална алатка која ја промовирале пред некој ден, ќе се мапираат и ќе се известува за дивите депонии, со што се надева дека ќе се намали нивниот број.