Отстранети 150 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа приближно 150 кубни метри неправилно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Аеродром, Центар и во Бутел.
Како што соопшти Јавното претпријатие, во рамките на активностите е комплетно расчистен реонот околу Градските гробишта во Бутел, каде се отстранети речиси 60 кубни метри отпад од диви депонии.
Интервенирано е и околу мостот „Беласица“ во близина на Железничката станица каде се подигнати и транспортирани 40 кубни метри отпад од јавна површина од улиците „Владимир Комаров“ во Општината Аеродром, „Васил Чакаларов“ во Општината Карпош, „Ферид Мурад“ во Општината Чаир и „Борис Сарафов“ во скопската Општина Ѓорче Петров, како и долж булеварот „Илинденски одреди“