(Фото) Урнато дрво го попречува сообраќајот на Ленинова кај Хемпро


Сообраќајот кај кружниот тек помеѓу улиците Ленинова (Аминта Трети) и Орце Николов (кај Хемпро) предпладнево е делумно во прекин поради паднато дрво. 

Една од липите на тротоарот речиси целосно се урна врз коловозната лента во правец на Илинденска и го блокираше коловозот. За среќа, нема штети врз автомобили или врз околните дуќани. 

Во моментов, просторот го обезбедува полицијата, а возилата се пренасочуваат по околните улици.