Дел од Карпош и Чучер Сандево без струја


Фото: Б: Грданоски

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош и Чучер Сандево, соопшти РЦУК – Скопје.

Во периодот од 9:00 до 1:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Букурешка“, во Општина Карпош.

Во периодот од 09:30 до 11:30 часот без струја ќе останат корисниците од село Блаце, објектите на граничниот премин Блаце и терминал Блаце, АГ Палас и „Филип Инжинеринг“ во Општина Чучер Сандево.