Божин Павловски до Заев: Мораше ли да јаваш на облаци?


Писателот Божин Павловски реагираше по случувањата околу „илинденската изјава“ на премиерот Зоран Заев и подоцнежното извинување до бугарските власти. Павловски констатира дека претседателот на Бугарија јасно даде на знаење каков ќе биде квалитетот на договорите што ги прави нашиот премиер. „Додека не го проплукаме мајчиното млеко затоа што сме создале македонска држава наспроти бугарската историографија, […]

Богоески: Бугарија има историска одговорност да ѝ помогне на Македонија


Петар Богоески од реформското крило на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за бугарската агенција БГНЕС вели дека односите меѓу Македонија и Бугарија имаат само една алтернатива, а тоа е развој на партнерство и пријателство. Тој за бугарската новинска агенција вели дека Бугарија има историска улога и одговорност да ѝ помогне на Македонија директно на патот кон НАТО […]

Од утре попладне високи температури и пороен локален дожд


Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, но и натаму со многу високи температури, најавува од утре попладне УХМР. В среда и четврток нестабилно ќе биде на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува в петок и сабота. Утринските температури ќе бидат од 11 до 21 степен, а дневните од 27 […]

„Визер“ ја прекина продажбата на билети до Барселона, Лондон и Ваксјо


Нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ од октомври повеќе не продава билети за авиолиниите од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон. На официјалната веб страница на компанијата не може да се резервираат билети за овие дестинации од октомври поточно последниот лет од Скопје до Барселона за кој може да се резервира билет е 26 октомври, а […]

Секое осмо дете во Македонија вонбрачно, во ЕУ секое второ


Околу 12 проценти од вкупниот број на живородени деца во Македонија во 2016 година се родени надвор од брачна заедница, покажуваат податоците на Еуростат, додека во Европската унија просекот изнесува 43 проценти. Во земјите од регионот, според Еуростат, оваа бројка се движи од 58,6 проценти во Бугарија, 41,6 во Косово, 26 во Србија, 19 во […]

Велешанец го повредил соседот со нож


Триесетгодишен маж синоќа во Велес со нож прободел свој сограѓанин во ходник во станбена зграда, при што му нанел повреди во пределот на градниот кош. Во СВР – Велес вчера околу 22:05 часот било пријавено дека во ходникот во станбената зграда на ул. „Васил Главинов“ во Велес З.А. (30) од Велес со нож го прободел […]

Терористи излегуваат на слобода, нема програма за ресоцијализација


Оџата Реџеп Мемиши, кој бил учител и на седумтемина македонски државјани кои минатата недела беа вратени во Македонија, во 2016 година беше осуден на седум години затворска казна. За пет години оџата од Тутунсуз џамијата од скопски Чаир ќе излезе од затвор и никој не може да гарантира дека нема да регрутира нови борци за […]

Заев на Фејсбук: Гордо влегуваме во Европа


Со договорот македонскиот идентитет е заштитен. Граѓаните на Македонија влегуваат гордо во НАТО и ЕУ. Време е за одлука! Одиме напред во НАТО и ЕУ, напиша синоќа премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил. Постот е дел од владината кампања за есенскиот референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот од Преспа со […]

Неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Нови рочишта за „Титаник“ на СЈО се закажани за 16 и 17 август, додека последната недела од август продолжуваат и судењата за „Т.Н.Т.“ и „Тврдина и Таргет“. За време на судската ферија од 15 јули до 15 август во Кривичниот […]

Еден загинат и 22 повредени во сообраќајки во Скопје за време на викендот


Едно лице загинато и 22 повредени, од кои едно потешко, е билансот од вкупно 25-те сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на Скопје за време на викендот. Во 14 сообраќајки причинета е материјална штета. Според извештајот на СВР Скопје, за време на викендот 116 возачи возеле побрзо од дозволената брзина, а од сообраќај се […]

Договорот со Грција – „рамковен договор“ за името


Кога беше усвоен Охридскиот рамковен договор во 2001 година, под многу деликатни и тешки околности, меѓународната заедница ги поздрави победата на  дипломатија и храброста на лидерите. Денешното одбележување на 17-годишнината од неговото потпишување во претседателската резиденција на Водно го краси одредена посебност, врзана со исклучително важниот момент за државата – плебисцитарното изјаснување за договорот со […]

На Богородица и Табановце се чека до 15 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен, одобено кон туристичките места и граничните премини. На граничните премини Богородица и Табановце, за излез од Македонија се чека од 10 до 15 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата. Сообраќајот на државните […]

Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ за 17 години Рамковен договор


Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ во рамки на одбележувањето 17 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници во организација на Секретаријатот за европски прашања. – Денес, Република Македонија е исправена пред еден од најважните предизвици во својата понова историја – да ја комплетира својата надворешна интеграција. […]

Сончево и топло со температура до 37 степени


Времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 28 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје и околината слично време со температура до 35 степени.

И кучињата можат да уживаат во базен


Релаксација за сопствениците и забава за милениците. Ова е идејата на забавниот парк за кучиња „Ав-ав хепи дог“, кој се наоѓа во скопско Бардовци. Замислен е како е проект со кој ќе се обезбеди заштита на животните преку времено вдомување и нега на бездомните кучиња, а во исто време како дневна градинка и хотел за […]

Ноќеска доаѓа дожд од метеори


Секоја година кон средината на август паѓа метеорски дожд, а тој природен феномен повторно ќе се случи ноќеска. Дождот од т.н. Персеиди, односно метеорски роеви, е специфичен по метеорите кои се многу „поогнени“ и посветли од типичните. Оваа година се очекува вистински спектакл на небото, имајќи предвид дека во време на овој метеорски дожд месечината ќе […]

На Табановце се чека половина час, на Богородица до 15 минути


На граничниот премин Табановце попладнево за излез од државата се чека половина час, а на граничниот премин Богородица околу 10 до 15 минути, соопшти Авто-мото стојзот на Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

СДСМ чека ВМРО-ДПМНЕ да каже „да“ или „не“


  Политички жешка завршница на летото ја очекува Македонија поради есенскиот референдум за името, а особено поради тактизирањата на опозицијата да го каже нејзиниот став во однос на поставеното прашање. Веќе следната недела ќе почне да се загрева кампањата, иако нејзиниот официјалниот старт е на 10 септември. Повеќето владини функционери се вратија од одмор и […]

Адеми ја повика дијаспората помасовно да гласа на референдумот


Своето право на глас на претстојниот референдумз закажан за 30-ти септември, македонските иселеници во дијаспората ќе можат да го остварат во дипломатските конзуларни претставништва. Рокот за пријавување по електронски пат е од 9-ти до 23 –ти август. Министерот Едмонд Адеми, денеска од Македонска Каменица ги повика иселениците масовно да излезат на гласање. – Како што […]

Десет африкански пингвини напролет доаѓаат во Скопје


Десет пингвини од расата блек фут напролет ќе дојдат во Скопје од Виенската зоолошка градина. Пингвините се со африканско потекло и можат да живеат и во топли и во ладни услови. Дотогаш, за нив ќе се доизгради живеалиштето кое ќе има и затворен и отворен дел. Директорот на Скопската зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски вели дека […]