СДСМ: Филипче нема никаква поврзаност со јавните набавки


ВМРО-ДПМНЕ пласира лажни вести за да го покрие деструктивното однесување за клучните прашања за иднината, во здравството се работи транспарентно и одговорно, реагира со соопштение владејачката СДСМ по обвинувањата за тендерите на хематологија. „Фактите говорат дека Министерот за здравство нема ниту мандат ниту каква било поврзаност со овие јавни набавки за јавните установи, односно постапките […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за тендерите за набавките на Хематологија


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од министерот за здравство, Венко Филипче за тендерите за набавките на клиниката за хематологија. Тие обвинуваат дека директорката на клиниката, Ирина Пановска Ставридис доделила три тендери во вредност од три милиони евра на веледрогеријата „д-р Пановски“, која е во сопственост на нејзиниот татко. „Доколку тоа што Директорката на клиниката, Ирина Пановска […]

НСЗП бара повеќе бодови и проценти при пресметка на плата за затворските службеници


Додавање бодови во пресметката на плата на затворски службеници со средно образование, проценти на овластувања и ризик на работа, како и пензионирање со ефективни 30 или вкупно 40 години стаж со 80 проценти од најдобрите десет години, се дел од одредбите кои од Независниот синдикат на затворската полиција (НСЗП) бараат да бидат опфатени во новиот […]

Акциска контрола на МВР за откривање организатори на диви трки


При акциска контрола на МВР за откривање и санкционирање на возачи кои организираат и учествуваат во диви трки, вчера на подрачјето на СВР Скопје биле одземени девет сомнителни мотоцикли. Како што соопшти МВР, акцијата се одвивала од 18 часот вчера, до еден часот утринава, а била спроведена Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот […]

Скопјанец претепан на кеј, по десетина дена починал во болница


Скопјанец кој пред десетина дена бил претепан на Кеј, вчера починал во болница, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 3 август, во 2 часот по полноќ на улицата „Кеј 13-ти Ноември“. Непознато лице го нападнал шеесет и шестгодишниот скопјанец и го претепал. Со модринки на левото око и расекотина на десниот […]

Агим Нухиу: Во лето пасоши ќе се издаваат во сабота и недела и во две смени


Mинистерството за внатрешни работи ќе организира издавање на пасоши во сабота и во недела, најави заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу. Според него, МВР дополнително ќе ги зголеми капацитетите, кадровски и во техничка опрема, со цел да се надминат вообичаените гужви. – Ангажиравме вработени во две смени користејќи ги максимално капацитетите на техничката опрема […]

Во Европа тренд- во Скопје не заживеа проектот за изнајмување велосипеди


Жителите на Скопје во 2010 година за првапат добија можност да изнајмат еден од 120-те достапни велосипеди распоредени на пет локации низ градот. Проектот „Изнајми велосипед“ беше воведен со примарна цел велосипедот да се користи како превозно средство, особено во централното градско подрачје, како и со цел за покревање на јавната свест за промена на […]

И жени од Македонија се борат во Сирија


Седуммина македонски државјани, кои се бореле на воените жаришта во Сирија и Ирак, се вратени во Македонија, но таму останаа уште активни борци, меѓу кои има и жени. Вкупниот број лица од нашата земја што се појавиле на боиштата во Сирија како активни борци, повратници, загинати, жени или само како обиди за заминување, изнесува 156. […]

Референдумот најактуелен кај иселениците во Швајцарија и Австрија


Македонските иселеници во Швајцарија и Австрија до сега најзаинтересирани за гласање на претстојниот референдум. До вчера, како што соопшти Државната изборна комисија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство се доставени вкупно 251 пријава од граѓани за гласање, сите преку веб апликацијата на ДИК, dijaspora.se​c.mk. Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн […]

АМСМ: На граничниот премин „Богородица“, утрово за излез од државата се чека од 15 до 30 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Од АМСМ потсетуваат дека во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, […]

Сончево и топло со температура до 36 степени


Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со поизразена облачност во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Tемпературата ќе се движи од 29 до 36 степени. Во Скопје и околината  сончево и топло со мала локална облачност и слаб североисточен ветер. Температурата од 18 до 34 […]

Седумнаесет години Охридски рамковен договор


На 13 август пред седумнаесет години беше потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија во 2001 година. Документот по повеќедневно услогласување во Охрид, во Скопје го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на […]

Ќе има помош за производителите на сливи


Министерството за земјоделство идната недела ќе каже како ќе им помогне на производителите на сливи. Се работи за интервентна мерка за стабилизирање на пазарот, откако земјоделците денеска протестираа заради ниските откупни цени. Тие го блокираа патот Радовиш-Струмица и побараа дел од сливите да одат за откуп и дел за индустриска преработка. „Мерките кои што ќе […]

Земјотрес од 5 степени по Рихтер ја погоди Албанија, кај нас со најсилен интезитет почуствуван во Дебар


Земјотресот кој поладнево беше почуствуван во Македонија е со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот е регистриран на 115 киломтери југо-западно од Скопје во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Со најсилен интезитет во Македонија, односно со 4 степени според Европската макросеизмичка скала бил почуствуван во Дебар и околината, […]

Сојата е ГМО, покажа суперанализата


Соините шницли и трошки на „Виталиа“ содржат ГМО. Ова го потврди и суперанализата што ја побара компанијата. Како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство, резултатите од суперанализите на сојата, кои се вршеа во референтна лабораторија во Европската Унија, ги потврдија резултатите на првичната анализа со која Агенцијата пред два дена откри дека нивните производи […]

Земјотрес во Албанија, се почувствува и кај нас


Земјотрес во Албанија попладнево ги вознемири граѓаните на Западна Македонија, а се почувствува и во Скопје. Земјотресот е со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е на 42 километри североисточно од Тирана, во реонот на градот Бурел. Освен во Македонија, бил почувствуван и во Црна Гора и Србија. Во моментов нема […]

Производители на сливи протестираа поради ниските откупни цени


Производители на сливи од Радовиш, незадоволни од ниските откупни цени го блокираа патот Радовиш-Струмица. Велат дека целосно е запрен откупот на сливите на откупните пунктови во селата. „Ниту еден откупен пункт не работи. Бараме Министерството за земјоделство да преземе мерки за да се интензивира откупот во наредниот период, односно да се реализира договореното дел од […]

Потврдено дека локалитетот „Врбјанска чука“ е стар 8.000 години


Археолозите ги завршија годинашниве истражувања на неолитскиот локалитет „Врбјанска чука“ во Кривогаштанско и потврдија дека датира од пред 8.000 години. Бројните наоди го вбројуваат во уникатните, не само во Македонија, туку на Балканот и во Европа. Локалитетот ќе биде претставен на конференции во Шпанија, Швајцарија и во декември во Македонија. Според Гоце Наумов од Центарот […]

Борисов со предупредување до Заев: Големото пријателство ставено на тест


  Само неколку дена откако по вторпат го прославија заедно Илинден, властите во Скопје и во Софија отворија вербална војна околу историјатот на Илинденското востание. Всушност, војната ја објави бугарската страна, а како реакција на изјава на македонскиот премиер Зоран Заев, кој во интервју за МТВ рекол дека востанието во Крушево од 1903 е македонско. […]

Следната недела тендер за инсулин


Министерството за здравство соопшти дека нема да дозволи недостиг од инсулин. Тендерот ќе биде распишан на почетокот на следната недела, сите подготвителни процеси за него се веќе завршени и целата постапка е навремена и соодветно испланирана. Инсулинот, кој е со рок на траење до 30 септември 2018 година е потрошен во месец јули или го […]