Сообраќајка на Стража, се вози наизменично по една лента


Сообраќајна несреќа се случи утрово на магистралниот патен правец Гостивар-Кичево кај селото Церово. Според СВР Тетово, утрово околу 9:30 во близина на селото Церово, дошло до соораќајна несреќа во која две лица се повредени, од кои едното потешко. Од сé уште неутврдени причини се судриле три автомобили: „ауди“ со тетовски ознаки, „форд-мондео“ со скопска регистрација и „ауди“ со швајцарски регистерски ознаки.

Сообраќајот се одвива отежнато, а возилата се пропуштаат наизменично, заради увидот на сообраќајна незгода. Извесно време патниот правец кон Стража беше во застој, а во моментов полицијата врши регулација на движењето на возилата наизменично во обата правци.