ДУИ од 10 септември ќе ја почне кампањата за референдумот


Демократската Унија за интеграција одлучи кампањата за референдумот да ја започне од 10 септември. Од партијата информираат дека во наредниот период на граѓаните ќе им ги објаснуваат предизвиците пред кои се наоѓа земјата и придобивките од членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

„На 10 септември ќе почнеме активна комуникација со граѓаните за да им се објасни предизвикот пред кој се наоѓа државата и иднината на генерациите што доаѓаат, како и тоа што го добиваме за возврат ако успееме Македонија да ја направиме членка на најголемата воено-политичка алијанса и да не најде во неа периодот на тешки предизвици во целиот регион“, рече вицепремиерот Бујар Османи.

Тој информира и дека ДУИ за таа цел веќе има формирано централен штаб, како и оти ќе има и штабови на органоци и месни заедници.