Експлозија во „Сувенир“ од Самоков, повредени нема


Попладнево околу 16 часот во наменската фабрика за производство на муниција „Сувенир“ од Самоков се случила експлозија. Според првичните и неофицијални информации од СВР Битола во фабриката се случил инцидент, но нема ниту повредени ниту загинати. Во моментов полицијата прави увид на местото на настанот.