Османи: Фиксно е дека оваа година почнуваме преговори со ЕУ


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска од паркингот на Скопско Кале на симболичен начин – поаѓајќи со автобус го означи почетокот на новото поглавје на европските интеграции на Република Северна Македонија. Османи е дециден дека оваа година почнува преговори иако не се знае дали тоа ќе биде на јунско-јулските самити или потоа и ги повика […]

Османи: ДУИ не е вознемиренa од „бомбите“


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој воедно е и портпарол на ДУИ, денеска изјави дека прашањето за објавените прислушувани телефонски разговори во кои наводно се слушаат гласови на високи членови на партијата, треба да го разгледуваат институциите кои треба да ја гарантираат приватната комуникација. Османи рече дека во ДУИ ова прашање не било разговарано […]

СДСМ: Најавата на Груевски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта


СДСМ смета дека најавата на „осудениот криминалец Никола Груевски“, дека ќе поднесе оставка како пратеник, ја потврди неговата директната поврзаност со Христијан Мицкоски. „ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта, Груевски од таму дава команди, Мицкоски исполнува. Одлуките на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на Мицкоски, однесувањето на пратениците на оваа партија во мандатно имунитетната комисија, кои не […]

Груевски најави дека се повлекува од пратеник


Oдлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално-правно парламентот ќе го известам во наредните денови, најави експремиерот Никола Груевски на својот фејсбук профил. „Целта легално да ми го одземат мандатот е јасно дека е неостварлива. И според Уставот на Македонија и според меѓународните прописи, но и според неподлегнувањето на притисокот на пратениците […]

Земјотреси во Корча почувствувани во Охрид, Струга и Ресен


Утрово се регистрирани повеќе земјотреси во соседна Албанија, коишто потекнуваат од епицентралното подрачје Корча, на 180 километри југозападно од Скопје. Најсилниот земјотрес беше во 6 часот и 33 минути со Рихтерова магнитуда 5.0, а беше почувствуван и во Охрид, Струга и Ресен, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Во западниот дел на […]

Ел Чека до Заев: Ќе се вратам во Македонија само на суд со тебе


„Бомбашот” Ел Чека на неговиот профил на Фејсбук е активен речиси 24 часа. Во секое време објавува нови бомби. Вели дека не се плаши од тужбите. На последната објава му се обрати и на премиерот Зоран Заев: „Поздрави до вас премиере и на оние кои живеат таму и гласаа за тебе. Што се однесува до […]

Летно работно време на паркинзите на Градски паркинг и нови зони во Аеродром и Центар


ЈП „Градски паркинг“-Скопје од утре ќе почне со работа на две нови паркинг зони. Едната зона е зона Б10, лоцирана кај новата зграда на ЈП Водовод и канализација Скопје и Кале. Зоната ќе биде исклучиво за комерцијална употреба и еден час паркирање ќе чини 35 денари. При паркирање, потребно е да се испрати СМС порака на […]

Беља повторно му се обрати на Заев: Дефинитивно имате проблем со вашата човечност


Разрешениот економскиот директор на Клиниката за Гинекологија и акушерство, Ваљон Беља преку социалните мрежи повторно му се обрати на премиерот Зоран Заев. „Ако за една недела ви умираат 6 (шест) новородени бебиња, и вие го толкувате како “тропање глупости” тогаш дефинитивно имате проблем со вашата човечност. Жалам многу што родителите на овие новороденчиња и на […]

Државниот јавен обвинител Јовески на средба со претставници на ЗНМ


Предметот на новинарот Томислав Кежаровски, нападот врз телевизиската екипа на ТВ21 и можните точки на соработка меѓу Обвинителството и новинарите биле теми на разговор на денешната средба на претставници на Здружението на новинарите на Македонија со државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски побарал да биде повлечено обвинението против колегата Кежаровски, откако […]

МО: Ајтов да не го меша министерството во неговите нарушени односи со членовите на Синдикатот


Министерството за одбрана во реакција по повод денешната прес конференција на претседателот на Синдикатот на одбраната и безбедноста го повика Ристо Ајтов да не го меша министерството во препукувањата и неговите нарушен односи со членовите на Синдикатот и другите синдикати и да не очекува дека министерката Радмила Шекеринска ќе ги прекршува законите заради неговите интереси. […]

ЗНМ: Новинарите не смеат да имаат конфликт на интереси


Здружението на новинари на Македонија ги повика своите членови и сите новинари кои имаат конфликт на интереси и имаат ангажмани во рамки на Владата или останатите јавни институции да се определат дали ќе се занимаваат со новинарство или со некоја друга јавна професија или функција. – По информациите во јавноста дека одредени новинари се ангажирани […]

Бузаку: Се плашам од Сулејман Реџепи, барам помош од државата


Скендер Бузаку, кој тврди дека законски е претседател на Исламската верска заедница е поканет во Обвинителство како што рече, да докаже дека има закани од страна на претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. “Денес сум поканет во Обвинителство како оштетен за да дадам исказ против Сулејман Реџепи, бидејќи во 23 април оваа година, тој пред сите […]

Пендаровски им разјаснил на ДУИ: Нема ниту една забелешка за Муслиу како професионалец и како човек


Претседателот на државата Стево Пендарвоски денеска информира дека на долгите и конструктивни разговори со високи претставници на ДУИ биле разјаснети неколку битни елементи за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање. – Им реков на претставниците на ДУИ дека имав прилично долг процес на консултации со битни фактори домашни и странски во […]

МВР: Синот на Јанчев бил на „мопед“, се судрил со автомобил


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата во која е повреден синот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев, се случила триесетина минути по полноќ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Гоце Делчев“ во Кавадарци. Дошло до судир меѓу автомобил „фолксваген пасат“, управувано од Н.А. (36) од Кавадарци, и мопед „априлија“, управуван од петнаесетгодишно момче […]

ОЈО: Нема место за кривичен прогон за неправилности во вториот пензиски столб


Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција со која е одлучено дека нема место за јавнообвинителско постапување во поглед на кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика, а во врска со евентуални неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб. -Кривичната пријава поднесена против непознат сторител се однесуваше на кривично дело – злоупотреба на […]

Заев со нов рок: СЈО да се договори пред одлуката за датум за преговори


Состанокот на министрите на ЕУ на 18 јуни , е новиот рок што го постави премиерот Зоран Заев за договор за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство. Премиерот  вели дека нерешавањето на ова прашање може да биде изговор некои земји членки на ЕУ да се спротивстават […]

Ѓорѓиева: Пробен попис во 13 општини од 10 до 30 јуни, подготовка за главниот попис в година


Од 10 до 30 јуни во 13 општини во земјава, односно во 32 пописни круга, ќе се спроведе пробен попис на населението, домаќинствата и становите, соопшти Јасмина Ѓорѓиева од Државниот завод за статистика кој ќе ја спроведе оваа обемна пописна операција. Ѓорѓиева денеска беше на средба со прилепските локални власти од каде доби сесрдна помош […]

Евротинк: Сега е момент ЕУ да покаже лидерство и на земјава да и даде датум за преговори


Време е Европската унија и покрај внатрешните предизвици со кои се соочува да покаже лидерство и да и даде датум за преговори на Република Северна Македонија, со оглед на тоа што земјата досега доби најчист извештај, ги испорача зададените задачи и ги реши билатералните спорови со соседите, во спротивно Унијата би го загубила својот кредибилитет. […]

Синдикатот на одбраната се жали на условите за работа, бара оставка од министерката Шекеринска


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска да поднесе неотповиклива оставка, а трудовиот и санитарниот инспекторат да излезат на терен да извршат увид во објектите на Армијата и Министерството за одбрана. Ова денеска го побара Синдикатот на одбраната и безбедноста на прес-конференција повикувајќи се на лошите услови во касарните и, како што велат, намерното непочитување на правата […]

Османи и Димитров од Брисел: Преговорите ќе обезбедат продор на европската идеја на Балканот


Стартот на преговорите со Европската Унија ќе значи дополнителен стимул за земјата и натаму да ја игра улогата на главен промотор на европската идеја на Балканот, како суштинска придобивка на целиот регион, но и неспорен интерес на земјите – членки, порача вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој заедно со министерот за надворешни работи Никола […]