Почина работник при пад од објект во изградба


Фото: Б. Грданоски

Четириесет и осумгодишниот В.С. од Скопје работејќи на објект во изградба во Струга паднал од висина од 8,5 метри и починал на самото место.

Како што соопшти полицијата на 27.07.2019 година околу 14,50 часот во Струга пријавено е дека од покрив на објект сопственост на приватна фирма што се наоѓа во индустриската зона на магистралниот пат Струга – Ќафасан, од висина од околу 8,5 метри паднал работникот В. С. (48) од Скопје и починал.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Струга, а од страна на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.