Попладнево нè очекува невреме со дожд и ветер


Фото: Б. Грданоски

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен, во источните делови засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер, особено во северните делови, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени целзиусови, а УВ индексот ќе достигне до 8.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален дожд и грмежи, а доцна попладне ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер.

Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Ќе има и повремен локален дожд со грмежи, утре во првата половина од денот, а во следните два дена во попладневните часови. Потоа до петок ќе преовладува стабилно и многу топло време.