Гацов и Петрески демантираат: Не сме дел од кабинетот на Ангеловска


Даночниот експерт Павле Гацов и професорот Марјан Петрески ги демантираат објавите дека станале дел од кабинетот на новата министерка за финансии, Нина Ангеловска. Тие тврдат оти нивниот ангажман бил надворешно – експертски со точно определен делокург на експертиза. „Јас не сум бил дел од кабинет на ниту еден министер досега, па ниту сега сум дел […]

Коневски: Потребата од одмазда води кон колапс на системот


„Реториката полна со омраза и поделби стана наше секојдневие. Заканите и реваншизмот се веќе редовен декор на политичката сцена и навлегоа во секоја пора од нашето општество. Постојаното заплашување и потребата за одмазда водат кон целосен колапс на системот. Наместо да ги следиме глобалните трендови и да одиме напред, нашата држава тоне сѐ подлабоко во […]

Османи во Брисел: Првото поглавје ќе го отвориме за време на хрватското претседателство


Одлуката за старт не преговорите во октомври се поклопува со стартот на претседавањето со ЕУ од страна на Хрватска во јануари следната година, кога очекуваме и да го отвориме првото поглавје со ЕУ во рамките на преговорите, истакна денеска вицепремиерот задолжен за европските прашања Бујар Османи во Брисел, кој работната посета таму ја почна со […]

Преговорите во лер по трансферот на предметите


Иако и од власта и од опозицијата најавуваат дека се подготвени да продолжат да преговараат за законот за обвинителство, нема најава за средба меѓу двата преговарачки тима. Трансферот на предметите од специјалното во обичното обвинителство, ја исклучи потребата од итно решавање на проблемот, но и натаму е исклучително важно да се најде решение за законот […]

Туск утре во посета на Скопје


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск утре ќе престојува во посета на Република Северна Македонија. Туск, како што информираа од Владата, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на Заев и Туск во 12:15 часот во Владата. Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за […]

Димитров: Без ЕУ перспектива во октомври ќе се зајакнат националистичките сили


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за Агенција Европа, предупредува за ризиците кои и се закануваат на Северна Македонија доколку ЕУ не додели датум за старт на преговори во октомври. -Ако немаме перспектива, а тоа е влогот во октомври, ќе ослабнеме, а скептиците, националистички сили и популистите ќе се зајакнат, тоа ќе им […]

Почнува традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“


Од денеска до 18 септември во старото градско јадро на Скопската чаршија ќе се одржи 13. традиционална манифестација „Звуците на чаршијата“. Како што информира Културно-информативниот центар – Скопје кој е организатор на настанот, манифестацијата треба да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Град Скопје и […]

Почнува Европската недела за мобилност „Пешачи со нас“


Град Скопје од денеска почнува со одбележување на Европската недела на мобилност што годинава се одржува под мотото „Пешачи со нас – Сигурно пешачење и возење велосипед“. Во текот на оваа недела ќе бидат организирани низа настани со кои Градот ќе се обиде да ги поттикне граѓаните да ги променат навиките и почесто да користат активни […]

Отворање на нов царински терминал на Ќафасан


На граничниот премин Ќафасан денеска ќе биде пуштен во употреба новоизградениот царински терминал за стокови пратки. Проектот кој е финансиран од ЕУ преку ИПА во вредност од два милиони денари започна во 2017 година. На настанот обраќање да имаат премиерот Зоран Заев, амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија Семјуел Жбогар, министерката за финансии Нина […]

До среда сончево и топло, од четврток заладување и дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 6 и 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје сончево со слаб претежно северен ветер. Т-ра: 13 / 33 степени. До среда ќе се задржи сончево и топло време. Дневните температури ќе бидат […]

„Специјалните“ си одат, но пак ќе ги водат случаите


Советот на јавни обвинители денеска ќе расправа за статусот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство. По разрешувањето на нивната шефица Катица Јанева, се очекува формално да биде констатирано оти завршува и нивниот мандат. Според законот, мандатот на обвинителите не може да го надмине мандатот на специјалната јавна обвинителка. Десеттемина обвинители потоа ќе се вратат во […]

Загинатиот планинар бил член на „Шкупи“: „Во еден момент застана, се наведна и падна во несвест“


Педесет и седумгодишен македонски државјанин загина на планината Олимп во Грција. Станува збор за скопјанецот Мефаил Гури, кој бил дел од деветчлената експедиција на планинарското друштво „Шкупи“ што се обидела да ја искачи познатата планина. Од Министерството за надворешни работи во Скопје го потврдуваат настанот. Според нивните првични информации што ги добиле од сведочење на […]

Филипче: За две години покажавме вистинска грижа за пациентите и лекарите


Во изминатите две години, со конкретни мерки и политики во здравството покажавме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи и достапни лекови во кој било ден од месецот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, говорејќи во својство на претседател на Комисијата за здравство на СДСМ. […]

„Анима мунди“: Да се најде убиецот на кучињата од Аеродром


Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ денеска преку соопштение реагираше на најновиот случај на убивање две бездомни кучиња во скопската населба Аеродром. – Ниту закони, ниту полиција која постапува и штити, ништо не функционира на дело, се е само празен збор на хартија – повторно фрапантен случај на насилство во Аеродром каде се убиени […]

Изгоре камион во магацин во Струмица


Во магацин на улицата „Маршал Тито“ во Струмица утрово се запалиле товарно возило и дел од покривната конструкција, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица. Во гаснењето на пожарот учествувале седум пожарникари и три противпожарни возила. Пожарот е изгаснат, а балгодарение на навремената интервенија спречено е негово ширење на соседните простории.

Ципрас: За Договорот од Преспа, Мицотакис се надмина себе си во хипокризијата и демагогијата


Онаму каде што навистина господинот Мицотакис и Vладата се надминаа себе си во хипокризија и демагогијата е Договорот од Преспа, порача лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во неговиот говор во рамки на 84. Меѓународен саем во Солун, jави дописничката на МИА од Атина. Поранешниот грчки премиер изнуди силни аплаузи и овации од присутните кога во […]

Сончево со северен ветер


Времето денеска ќе биде претежно сончево, во источните делови со мала локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Во текот на ноќта ќе биде претежно ведро и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната од 26 до 33 степени. […]

Утре ќе се регулира статусот на останатите обвинители во СЈО


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментот е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“ веќе е разрешена. Останува да се регулира статусот на другите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство, бидејќи согласно законот нивниот мандат не може да го надмине мандатот на специјалната јавна обвинителка. За нив, Советот на јавни обвинители ќе расправа […]

Македонски планинар загина на Олимп


Планинар од Македонија го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија, веројатно затоа што претходно му се слошило. Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за група од околу девет лица од нашата земја, кои планинареле на Олимп, на мажот или му се слошило или добил срцев удар […]

Разрешена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева


Советот на јавни обвинители на денешната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е третоосомничена за случајот „Рекет“ и се наоѓа во притвор. За нејзино разрешување гласаа сите осум пристуни членови на Советот на вонредната седница. „Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно одлучи да ја разреши од функцијата специјален […]