Јанушев, шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев ќе биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори, било одлучено на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет го задолжил Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб.

На седницата бил анализиран досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со кои се соочуваат илјадници граѓани кои им пристапиле и побарале решенија, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Предвремените парламентарни избори во земјава треба да се одржат на 12 април 2020 година. Владејачката партија СДСМ веќе го избра Љупчо Николовски за шеф на изборниот штаб на нивната партија.