Во Скопје осум сообраќајки, повредени седум лица


На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле осум сообраќајки од кои шест се со повредени лица, а во две е причинета материјална штета. Вкупно се повредени седум лица. СВР Скопје информира дека 63 возачи се санкционирани бидејќи возеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 13 лица кои возеле пред […]

Прва средба Димитров – Дендиас во Хелсинки


Финска – Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендиас ја остварија нивната прва средба на маргините на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската Унија и на земјите- кандидати за членство (GYMNICH) во Хелсинки. Дендиас, во изјавата по разговорите со неговите колеги од ЕУ, за […]

Советот на јавни обвинители ќе избира нов претседател


Советот на јави обвинители денеска треба да избере нов претседател на местото на Коле Штерјев чиј двегодишен мандат истекува на крајот на месецов. Штерјев вчера во изјава за медиумите потврди дека на денешната седница ќе се избира неговиот наследник, без да прецизира имиња на можни кандидади. Претседателот на Советот на јавни обвинители се избира од […]

Отворена постапката за разрешување на Јанева


Советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека се исполнети условите за почнување постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Канева, која е во притвор како осомничена за случајот „Рекет“. Советот ќе изготви извештај што ќе биде доставен до Собранието, кое понатаму треба да ја продолжи постапката за разрешување на Јанева. – Советот, откако сите […]

За новото СЈО по 1.5 милион евра годишно


Власта прифати четири од дваесетината амандмани на ВМРО-ДПМНЕ во првиот ден од собраниската расправа за предложениот закон за обвинителство. Социјалдемократите и ДУИ се согласија од буџетот да се одвојуваат по 0,4 отсто од средствата за новото Обвинителство за гонење криминал и висока корупција, односно за редовното обвинителство. Годишниот буџет е околу 3.7 милијарди евра, што […]

Собранието ќе избира министри, заменици министри и вицегувернер


Собранието на Република Северна Македонија денеска на 110-тата седница треба да избере двајца нови министри и тројца заменици министри што ги предложи премиерот Зоран Заев. Нина Ангеловска е предложена за нов министер за финансии, а Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима. За заменик министер за економија е предложен Кирил […]

Доделување на наградите на ЕУ за истражувачко новинарство


Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Самуел Жбогар, денеска ќе ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство. Целта на наградите на ЕУ за истражувачко новинарство во Западен Балкан и Турција е да им се оддаде признание и да се промовираат исклучителни достигнувања на истражувачкото новинарство, како и да се зголеми видливоста на квалитетното […]

Сончево и топло со температура до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе достигне до 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена […]

Митрополит Кипријан: Комисијата на БПЦ работи на македонското црковно прашање


Бугарија – Комисијата што беше формирана од Синодот на Бугарската православна црква за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, продолжува со својата работа, изјави Старозагорскиот митрополит Кипријан, пренесува БГНЕС. Кон крајот на 2017 година, МПЦ – ОА побара од Бугарската православна црква помош во решавањето на нејзиниот канонски статус и таа да […]

Спасовски: Имаме цврста политичка волја за интензивна и континуирана борба против организираниот криминал


Имаме цврста политичка волја и развиена јавна свест за интензивна и континуирана борба против организираниот криминал и во овој контекст, со поддршка и соработка со меѓународните институции, работиме на развој на ефикасни правни стандарди и воспоставување на специјализирани институции за сузбивање на овој вид на криминал, како и за побрза и поефикасна размена на информации […]

ВМРО и ДУИ изброиле три милиони на пописот во 2011


Пописот треба да се одржи во 2020, како во останатите земји од регионот. Работните групи кои го усогласауваат законот за попис се на пауза. Од владејачката партија СДСМ велат дека попис мора да има според европските стандарди кои се содржани во предлог-законот. Од таму нагласуваат дека поранешните коалициски-партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ  правеле попис по ,,Skype”, […]

За новото СЈО ќе се гласа на 10 септември


Собраниската седницата на која ќе се гласа за новиот закон за Јавното обвинителство е закажена за десети септември. Според информации од Владата во Комисијата за европски прашања поминале амандманите што веќе биле договорени во работните групи. Нов закон мора да има велат од власта затоа што во ситуација кога има предлог за разрешување на специјалната […]

НБ: Овозможено отворање сметки кај странски електронски сервиси за трансакции за комерцијални цели


Советот на Народната банка (НБ) на денешната редовна седница донесе одлука за изменување на одлуката за начинот и условите под кои резидентите што не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со измените, информираат од НБ, се овозможува граѓаните и компаниите да отвораат и да имаат сметки кај сите странски […]

Децата оставени во автомобил сместени во згрижувачко семејство


Меѓуопштинскиот Центарот за социјални работи привремено во згрижувачко семејство ги згрижи децата кои синоќа беа оставени во автомобилот во Ново Лисиче. Од Центарот велат дека е во интерес на децата да се згрижени безбедно и да ја добијат потребната нега. -Стручниот тим смета дека во моментов најдобар интерс на децата е да бидат сместени на […]

Димовски: Собранието го чека извештајот на Советот на ЈО за разрешување на Јанева


Во Собранието се уште не е пристигнат извештајот на Советот на јавни обвинители. Од медиумите разбравме дека во него има заклучок со кој се поведува постапка за разрешување на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, но не ги знаеме се уште основите врз кои тоа се бара. Го очекуваме извештајот, и во моментот кога ќе го […]

Прв состанок на Работната група за ветингот во МВР


Ветингот во МВР треба да биде инклузивен, транспарентен и објективен, со јасно дефинирани цели и рокови, оценето е на денешниот прв состанок на Работната група формирана од министерот за внатрешни работи по заклучок на Владата, која има задача да спроведе анализа на тековната состојба, да утврди конкретен модел за спроведување на процесот на проверка (ветинг) […]

Со торта од 100 килограми хотел „Мериот“ ќе ја поддржи иницијативата „Сите сити“


Со цел поддршка на иницијативата „Сите сити“, хотел „Мериот“ – Скопје ќе подготви торта од 100 килограми, што ќе биде понудена на првата хуманитарна „Праскијада“. На хуманитарната „Праскијада“, што ќе се одржи на 31 август во Градски парк, на присутните граѓани ќе им бидат понудени слатки специјалитети од праски, а со собраните средства ќе бидат […]

ЗНМ: Потребен развој на дописничката мрежа, за навремени и точни информации


Дописничката мрежа во земјава континуирано се соочува со намалување на бројот на дописници, пред се поради финансиски причини. Најголемиот дел од дописниците работат на определено време или со хонорарни договори, што им предизвикува чувство на несигурност, имаат недостиг на опрема за работа, а се соочуваат и со притисоци од различни центри на моќ, покажуваат податоците […]

Манчевски: Нови технологии и во рударството


Новите технологии треба масовно да се воведуваат и во рударството, а ЕСМ и РЕК Битола како државни компании имаат можност, но и должност да бидат лидери во воведувањето нови технологии, истакна министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната прослава на денот на рударите во РЕК Битола. Манчевски потсети дека владината поддршка на […]

Стартот на учебната година без настава


Првиот училиштен ден најверојатно ќе почне со предупредувачки штрајк на просветните работници за зголемување на платите за 25 отсто. Под притисок на членството, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) донесе одлука на 2 септември да стапи во предупредувачки штрајк. Тоа значи дека првиот училиштен ден во дејностите основно и средно образование ќе биде […]