Мемети: Многу поплаки за  вознемирување на работното место


-Често пати судството и потрошувачките услуги си ги менувале местата. Годинава, 2019, се карактеризира како година во која граѓаните највеќе се жалат на работата на судската власт, но тука се и другите области, како детските права, социјалата, понатака работните односи, дискриминацијата. Многу интересно е дека оваа година, енормно, над 50 проценти е зголемен бројот на поплаки за дискриминација или поточно за вознемирување на работното место, поради разни основи. Ние како институција тешко доаѓаме да го истражиме случајот и тешко имаме ефект. Од некаде 12 констатирани такви повреди, само во три се прифатени нашите препораки, додека во осум други ни преостанува да ги упатуваме граѓаните да бараат судска заштита. Како да нема видлив напредок во споредба со 2018 година и покрај тоа што по однос на општите препораки имаме поголема прифатеност кај индивидуалните препораки како да стагнира прифатеноста, вели Мемети во интервјуто.