Сончево и топло


Во земјава времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, а по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, гласи прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималната дневна температура ќе биде во интервалот од 16 до 21 Целзиусови степен.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 Целзиусови степени.

Од утре попладне и во среда под влијание на влажен бран ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Локален дожд ќе има и во четврток.

Утринската ќе се спушта до четири, а дневната ќе се движи околу 20 степени.